Услови за користење на членските пакети

АМСМ членските пакети се со важност од 12 месеци сметано од денот на потпишувањето на Пристапницата и уплатата на целосниот износ на членарината.

Кој може да биде член на АМСМ?

Физичко лице - државјанин на РСМ или странец со регулиран привремен престој во државата

Правно лице – да е регистрирано во Централниот регистер на РСМ за вршење на стопанска дејност согласно Законот за трговски друштва.

Времетраење на членството

АМСМ членските пакети се со важност од 12 месеци сметано од денот на потпишувањето на Пристапницата и уплатата на целосниот износ на членарината.

Важност на АМСМ членските пакети

Доколку физичко или правно лице првпат се зачленува во АМСМ, или има прекин во членството подолго од 30 дена од денот на истекувањето на членството, членските услуги кои се однесуваат на пренос на возило на територија на РСМ и Европа не може да ги користи бесплатно пред 7 дена сметано од денот на зачленување.

Членските пакети важат за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила уредно регистрирани со македонски регистарски таблички кои не ги надминуваат следниве карактеристики:
- Вкупна маса до 3,5 тона и
- Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м

Корисниците на членските пакети наменети за физички лица имаат право да ги користат услугите во зависност од избраниот пакет, без оглед на тоа дали управуваат со свое или со туѓо моторно возило кое е:
- уредно регистрирано со македонски
регистарски таблички, и
- Гласи на физичко лице

Потребно е барател на интервенцијата да биде членот, кој управува со возилото или истовремено е физички присутен во возилото при извршувањето на интервенцијата.

Секоја потреба од помош на пат, пренос на возилото во случај на дефект или на сообраќајна незгода или покривање на патните трошоци, членот треба задолжително да ја пријави во Контакт центарот на телефон 196 (за интервенции во РМ) или на телефон + 389 2 3181 196 (за интервенции надвор од РМ) во рок од 24 часа, во спротивно АМСМ нема да изврши рефундирање на средства и користењето на услугите ќе бидат невалидни.

НЕ ЗНАЕТЕ КОЈА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Е НАЈДОБРА ЗА ВАС?

АМСМ Препорачува
Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping