СОСТОЈБА НА ПАТИШТА

Дневни информации (07.12.2024, 09:12ч)

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.  Сите патни правци се проодни без забрани и ограничувања за сообраќај. Намалена видливост поради појава на магла има до 80 метри на планинскиoт премин Ѓавато.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од...

(02) 15 555

Прилеп-Крушево -Сладуево

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево ,во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 07.06.2024 год. сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.  

Р1109 Понов Мост – Богданци

Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај.

Прилеп- Крушево Р-1306

Почитувани ве известуваме дека од 07.06.2024 година во времето од 15.00 часот на подолг временски период на регионалниот пат Прилеп- Крушево Р-1306 поточно помеѓу мостовите кај с.Врбјани и с.Кривогаштани од страна на градежна фирма „Стентон Градба’’ -Битола ќе се извршува реконструкцуја на мостовите.

Петровец – Катланово

Времена измена на режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец – Катланово, заради извршување на градежни активности. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот.

Тетово – Гостивар А2

Започнувајќи од 05.12.2023 год. изменет е режимот на сообраќај на државниот пат A2, делница Тетово – Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.активности.

Времен режим на сообраќај

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на регионалниот патен правец Р2244, од с.Кокино до с. Арбанашко, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 30.05.2024 (четврток), секој работен  ден, од понеделник до сабота, од 10.00 – 16.00 часот, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање). Времениот режим ќе трае 30 дена, односно се до завршување на градежните работи. 

Кичево – Охрид А2

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Градско – Прилеп А1

На патниот правец Градско – Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење.

Прилеп – Битола А3

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп – Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Охрид – Свети Наум Р1301

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Петровец – Катланово А1

На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово – рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово – Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец – Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Маџари – Белви

Од 26.03.2024 г. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје – Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

ГП Блаце – Скопје А4

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај, согласно кој на 2 км пред граничниот премин Блаце, на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека).

Прилеп – Битола (стариот пат)

Времена измена на режим на сообраќај има на регионалниот пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради изведување на градежни активности во врска со проектот за санација на патот кај мост на река Шемница. Од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

Ново Лагово – Тополчани

Известување за времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 на потег од Ново Лагово до Тополчани , заради започнување со градежни активности во врска со проект Коридор 8 и Автопат 10Д,патишта во Секција 4 км . Заради тоа од 01.04.2024 год. сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Скопје – Македонски Брод

од 07:30 – 09:00

од 12:00 – 12:45

од 16:00 – 18:00

Македонски Брод – Скопје

од 06:00 – 07:00

од 10:30 – 11:00

од 13:00 – 13:45

од 18:30 – 20:00

Услуги

Професионална асистенција 24/7 на пат и сервисни услуги

ПОМОШ НА ПАТ

196

+389 2 3181-196

од странство

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА

(02) 15 555

+389 2 3181-197

од странство

ИНФО ЛИНИЈА

(02) 3181 181

+389 2 3181-181

од странство

Click outside to hide the comparison bar
Спореди