Препорачајте ја вашата АМСМ членска картичка на вашите пријатели и добијте вредносен ваучер.Вредноста на ваучерот се разликува и зависи од типот на членскиот пакет:

За Classic членска картичка добивате вредносен ваучер во износ од 250,00ден

За Europe Premium членска картичка добивате вредносен ваучер во износ од 600,00ден

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?

Пополнете го формуларот со вашите податоци и податоците на вашиот пријател и очекувајте да ве контактираме за да го подигнете вашиот ваучер.

Вредносниот ваучер го добивате само при зачленување на нов АМСМ член, при што нов АМСМ член е:

  • Физичко лице кое станува АМСМ член по првпат
  • Физичко лице кое не е АМСМ член најмалку една година.

Зачленувањето на вашите пријатели можете да го направите и во просториите на АМСМ Скопје (Центар и Чаир) и во Велес.

Право на вредносен ваучер за зачленет пријател имате само доколку сте активен АМСМ член.

Програмата „Зачлени пријател!“ не важи во период кога АМСМ членските пакети се на промотивна/акциска цена.

Вредносниот ваучер кој го добивате за зачленет пријател можете да го искористите во период од една година од датумот на издавање, на сите локации на АМСМ во Скопје (Центар и Чаир) и Велес, за попуст на следните услуги во системот на АМСМ:

  • Технички преглед на возило
  • Полиса за осигурување од автоодговорност и зелена карта
  • АМСМ членска картичка
  • Производи од АМСМ продавницата за автомобилска галантерија
  • Обуки за сите категории во Авто Школа Мобилити Плус
  • Хомологација, одобрување на преправено возило, атест на плин и фолии за стакла во АМСМ Центар за возила
  • Услуги во АМСМ Сервисот за автомобили
  • Услуги Помош на пат и шлепување
  • Горива на АМСМ Петрол

Податоци за нов член

Ваши податоци

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping