Помош на пат

Отстранување на дефекти на пат 24/7

Во случај на помал дефект на вашето возило на пат, нашиот стручен тим ви е достапен за помош 24/7 на целата територија на нашата земја:

  • замена на дупната гума/резервно тркало
  • дотур на гориво
  • дотур на масло и течност во системот за ладење
  • поправка на електронските системи за осветлување
  • отстранување на можни грешки во компјутерските системи на новите возила (on-board дијагностика) и сл.

Со 9 бази и повеќе од 20 специјализирани возила за помош на пат во сите поголеми градови во државата, АМСМ Службата за помош и информации на пат ви овозможува брза интервенција каде и да се наоѓате на целата територија на нашата земја

Професионалниот тим од над 45 стручни возачи-механичари со долгогодишно искуство и повеќе илјади интервенции годишно, е нашата гаранција за висок квалитет на услугите за помош и отстранување на дефекти на пат.

Во случај на потреба од помош на пат, 24/7 достапен ви е нашиот Контакт Центар, кој работи 365 дена во година и кој располага со 10 агенти соодветно обучени да ви обезбедат брза и сигурна помош на пат каде и да се наоѓате.

Со АМСМ членските картички интервенциите за помош на пат во земјава се бесплатни.

ПОМОШ НА ПАТ

196

+389 2 3181-196

од странство

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА

(02) 15 555

+389 2 3181-197

од странство

ИНФО ЛИНИЈА

(02) 3181 181

+389 2 3181-181

од странство

Click outside to hide the comparison bar
Спореди