FIA

АМСМ е член од 1994 година и е единствен член од нашата држава

 

Меѓународната автомобилска федерација – ФИА (Federation Internationale de L’Automobile)  уште од својот почеток во далечната 1904 година е посветена на претставувањето и на заштитата на интересите на авто-мото организациите и корисниците на моторни возила  насекаде низ светот. Истовремено претставува највисоко тело на авто-спортот во светот.

ФИА е непрофитна асоцијација која обединува 207 национални авто-мото организации од 122 држави на пет континента. Нејзините членки ги претставуваат интересите на повеќе од 100 милиони моторизирани граѓани и нивните фамилии. Ова претставува моќен мандат кој ФИА достојно го брани.

Денес FIA има две основни функции:

FIA 

Во врска со прашањата за безбедноста во сообраќајот, мобилноста, заштитата на околината и правото на корисниците, ФИА активно ги промовира интересите на учесниците во сообраќајот во Обединетите нации, Европската Унија и други меѓународни тела.

FIA Foundation 

Основана како тело на ФИА кое ги поддржува и раководи со меѓународните програми и активности за безбедност на патиштата, заштита на околината и одржување на мобилноста.