iRAP (International Road Assessment Programme) е меѓународна непрофитна организација посветена на спасувањето животи во земјите во развој преку промоција на безбеден патен дизајн.
Основни задачи на истата се:
Инспекција на високо ризичните патишта и развој на програмата за Категоризација на патиштата, како и изработка на Инвестиционен план за безбедни патишта;
Обезбедување едукација, технологија и поддршка за градење и одржување на националните, регионалните и локалните способности;
Следење на патно безбедносните перформанси со цел да им овозможи на финансиските агенции да ги оценат придобивките од своето инвестирање.