АМСМ како единствена мобилити членка на FIA од земјава, го донесе FIA Region I Start-up предизвикот во земјава, кој го промовираше како можност за домашните старт-ап компании. Целта на предизвикот е генерирање на иновативни идеи за мобилити клубовите, членки на FIA Region I.
По успешното прво издание минатата година, оваа година FIA Region I повторно понуди можност старт-ап компаниите да се поврзат со мрежа од 103 мобилити клубови, овозможувајќи им на тој начин директен пристап до пазар од 36 милиони членови во Европа, Средниот Исток и Африка.
Start-up компаниите со иновативни идеи поврзани со автомобилските услуги, мобилноста и пошироките асистанс услуги, како што се домот, здравјето, животниот стил или личната помош-се поканети на овој предизвик. Избраните start-up компании ќе имаат повеќекратни можности да се поврзат со FIA Region I мрежата, која преку своите клубови, претставува повеќе од 36 милиони потрошувачи во Европа, Среден Исток и Африка.
Мобилити клубовите се брендови од доверба и имаат силна база на членови, изградена низ годините, благодарение на широката понуда на услуги. Постојано се во потрага по нови начини на асистирање на своите членови во нивниот секојдневен живот. Преку поврзување со клубовите, start-up компаниите можат да добијат шанса да ги тестираат своите идеи, да добијат валиден фидбек, и преку партнерства со клубовите да пенетрираат на поголеми пазари.
Со цел соодветна промоција на FIA Region I Start-up предизвикот кај целната група на старт-ап компании, АМСМ потпиша Меморандум за соработка со Бизнис Акцелератор УКИМ.
Во текот на месец февруари, FIA Region I Start-up предизвикот беше промовиран преку три панел дискусии одржани онлајн со директна поддршка на FIA Region I, a во соработка со Бизнис Акцелераторот УКИМ.
На првата панел дискусија учествуваше г-гица Сара Камбиер, одговорна во FIA Region I за реализација на предизвикот, која обезбеди подетални информации во врска со предизвикот, предностите за апликантите и условите за аплицирање.
На втората панел дискусија, своја презентација имаше Директорот на одделот за членство во FIA Region I, г-дин Габриел Симчич, кој обезбеди дополнителни информации за автомобилите и мобилноста како категории во кои старт-ап компаниите можат да аплицираат со иновативни идеи. Во врска со ова, тој изјави „Улогата на автомобилот се менува со електрификацијата, автономијата и конекцијата. Исто како што имаме паметни телефони, во иднина ќе имаме и паметни автомобили. Вредноста на автомобилот ќе биде поголема врз основа на информациите кои ќе ги генерираат автомобилите отколку самиот физички објект. Произведувачите се свесни за ова, нивниот бизнис модел за иднината се однесува на сите услуги поврзани со поседувањето автомобил или имањето пристап до автомобил, што значи дека се менува и гледиштето околу сопственоста на автомобилот во целост (економија на споделување на автомобилот, лизинг…)“.
На третата панел дискусија, за потребите на мобилити клубовите и нивната тенденција на своите членови да им понудат услуги кои не се поврзани со нивните автомобили, зборуваше René Herrewijnen, консултант за иновации во еден од водечките клубови во Европа, ANWB од Холандија. „Светот се менува со брзо темпо. Водени од технологијата, пазарите на кои ANWB е активен бараат иновации. Ако не одговориме, ќе има голем ефект врз континуитетот на компанијата. ANWB сака да остане голема, здрава компанија, максимално релевантна за своите клиенти. Затоа сакаме да растеме со нови предлози и бизнис модели. Не само во рамки на нашите сегашни домени (мобилност, рекреација и туризам), ние исто така ги истражуваме иновациите надвор од нашите сегашни деловни активности. Преку овој предизвик на FIA Region I, се надеваме дека ќе стапиме во контакт со старт-ап компании кои можат да ни помогнат да го постигнеме овој раст. Партнерствата со старт-ап компании се од суштинско значење за да се забрза нашата иновативна моќ“, изјави тој во својата презентација.
Учесниците треба да имаат барем „proof of concept“ или најмалку одржлив производ, и да имаат СЕО и CTO со полно работно време или нивни еквиваленти (на пр. бизнис и технолошка личност во компанијата). Во текот на 2021 година, учесниците ќе имаат бројни можности да ги претстават своите идеи пред експертите на мобилити клубовите на FIA Region I мрежата, нивните одговорни за бизнис развој и оние кои ги носат одлуките.
Посетете ја веб страницата на FIA Region I Start-up Challenge
Повеќе информации за првото издание
Реализација: 28.01-28.02.2021 година