АМСМ, како единствена членка на Светската автомобилистичка федерација – FIA, е задолжена сите глобални кампањи за зголемување на безбедноста на патиштата, да ги реализира на локално ниво и на тој начин да делува за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како еден од главните приоритети на АМСМ и FIA.
Во таа насока, АМСМ и сите поголеми авто-мото клубови, од 6-12.05.2019 ја обележаа 5-тата глобална недела на Обединети Нации за безбедност на патиштата со кампањата #SpeakUP или #КревамГлас.
Со оваа кампања, АМСМ повика сите учесници во сообраќајот да бидат активни и да ги посочат ризиците со кои се соочуваат за време на секојдневните патувања до работа, училиште, во посета на пријателите и семејството итн. Со оценување на овие ризици, учесниците во сообраќајот започнаа со барање на поголема безбедност на патиштата.
Кампањата се реализираше по претходно усогласени насоки од FIA за сите авто-мото клубови, со главен акцент на следниве чекори:
– Повик до учесниците во сообраќајот да ги идентификуваат недостатоците на улиците со кои секојдневно се соочуваат,
– Потоа, истото да го кажат и по пат на фотографирање со ФИА табли на кои ќе пишува „Барам на пр. пешачки премин, или Барам велосипедска патека“ итн. Овие фотографии се постираа на социјалните мрежи со #SpeakUP и #КревамГлас за кревање на свесноста за проектот на локално ниво, но и влијанието на проектот на глобално ниво,
– Собирање потписи т.е петиција на три локации во Скопје, со која главно се постави барање за надминување на барем еден од идентификуваните проблеми.
По петицијата, АМСМ организираше работен состанок со носителите на одлуки (во случајов Град Скопје) на кој ги информираше за петицијата за обележување на „Зона 30“. Со вклучување на градот во кампањата, обележувањето на „Зона 30“ беше реализирано на 28.10.201 година, пред средното училиште „Димитар Влахов“ на бул.„Трета македонска бригада“.
Реализација: 6-12.05.2019 година