Глобално, сообраќајните судари се секоја година причина за речиси 1,3 милиони смртни случаи, кои можело да се спречат и за околу 50 милиони повреди, а со тоа тие и се главниот убиец на деца и млади лица во целиот свет. Како што сега се поставени работите, се проценува дека сударите ќе бидат причина за идни 13 милиони жртви и 500 милиони повредени во следната деценија и ќе го попречуваат развојот, особено во државите со низок и среден стандард на живеење. Овие бројки се неприфатливи, и во апсолутни и во релативни цифри, а сепак останува непроменети изминативе 20 години и покрај напорниот труд што го вложуваат Обединетите Нации и другите тела, надлежни за безбедност на патиштата.
Препознавајќи ја важноста на проблемот и потребата за делување, владите од целиот свет едногласно, преку Резолуцијата на Генералното Собрание на ОН бр. 74/299, ја прогласија Втората Декада на Акција за Безбедност на Патиштата 2021- 2030, која има изречна цел, да ги намали смртните случаи и повредите на патиштата најмалку за 50% во овој период.
Како што ја започнуваме Втората Декада на Акција за Безбедност на Патиштата, владите и глобалните чинители мора да бираат меѓу „да продолжат да си работат како до сега“ – во надеж дека тоа ќе биде доволно, за да се намали бројот на смртни случаи значително – или да делуваат храбро и одлучно, користејќи ги алатките и знаењето што го добивме од Декадата за Акција за да го промениме курсот.
Глобалниот План за Декадата на Акција за Безбедност на Патиштата 2021 – 2030 г. го одбива вообичаеното работење како досега и ги повикува владите и другите чинители да тргнат по нови патеки, и тоа онакви каде ќе се даде приоритет и ќе се имплементира пристапот на Безбеден Систем, којшто ќе ја постави безбедноста на патиштата како клучен двигател за одржлив развој. Исто така, тој повикува и на дејствија со кои светот ќе ја постигне целта од 50% намалување на бројот на смртни случаи и сериозни повреди во патниот сообраќај до 2030 година.
Повеќе за Декадата на Акција можете да прочитате тука.
Глобалниот План на Декадата на Акција за Безбедност на Патиштата 2021-2030 може да го прочитате тука.
АМСМ е единствената мобилити членка на ФИА (Светската автомобилистика федерација) од земјава и земјава и е одговорна за локална реализација на сите глобални кампањи иницирани од ФИА.