Преку активна координација на локално ниво од страна на АМСМ (активен член на EuroRAP) и институционална поддршка од страна на Министерството за Транспорт и Врски со статус на Набљудувач, во јануари 2014 година, Р.Македонија зема активно учество во SENSOR проектот.
Преку SENSOR апликацијата за учество во овој регионален проект беа обезбедени средства на Европскиот Фонд за Региoнален развој за снимање и обработка на главните регионални рути на територијата на Р.Македонија. Снимањето се одвиваше во првата половина на јануари 2014 година од страна на акредитирана екипа на EuroRAP (Европската Програма-Асоцијација за оценување на патиштата), а обработката и кодирањето на податоците заедно се препораки за прецизни инвестииции, беа готови на крајот од 2014 година.
Како дел од Транс Европските рути (TEN-T), во рамките на проектот беа снимени и обработени следниве рути на територијата на Р.Македонија:
· E -75, M1 (178 km); Табановце – Куманово – Петровец – Неготино – Гевгелија
· E – 871, M2 (74 km); Куманово Север – Крива Паланка – Бугарска граница
· E – 65, M3/4/5 (268 km); Блаце – Скопје – Желино –Тетово –Гостивар –Зајас –Кичево –Охрид – Е65 /М5 – Ресен – Битола – Крлино – Битола – Меџитлија
· E -75 – E 65, M4 (28 km); Е65/М4 – излез Скопје – Скопје – Хиподром – Миладиновци (М1 / Е75)
Деталните информации од извршените испитувања се поставени во специјално дизајниран апликативен софтвер (ViDA), до кој им е овозможен пристап на сите партнер институции и нивните стручни служби, како би можеле да ги искористат податоците за понатамошни анализи при планирањето на реконструкција и рехабилитација на националната и регионална патна мрежа.
Деталните информации содржат табеларни прикази од оценувањето на патиштата, картографски прикази на рутите согласно категоризацијата, наведени препораки за подобрување со приказ на точна ГПС локација, финаниски показатели за секоја препорака посебно (инвестиција – бенефит), итн.
Пишаниот извештај од рангирањето на патиштата со ѕвездички за безбедност, како и некои од препораките за инвестиции во безбедниот патен дизајн, може да го најдете тука.
Реализација: 2014 година