Кампања „Мое Возило, Мои Податоци!“ (My Car, My Data!)
FIA открива кои податоци се следат и како јавноста реагира на „поврзаните автомобили“
Автомобилите опремени со сензори, GPS и други комуникациски уреди, можат да собираат и испраќаат сè повеќе податоци за возачите. Ова подразбира и информации во врска со однесување на возачите и навиките кои ги имаат зад воланот.
Поврзаните системи на автомобили кои се достапни денес овозможуваат итните служби да ве спасат во случај на сообраќајна незгода, помагаат во креирање на комерцијални понуди за вашите патувања согласно вашите потреби или ве предупредуваат за потребата од сервисирање и одржување на возилото. Податоците за состојбата на автомобилот, бројот на патници и вашите навики им овозможуваат на компаниите да ви понудат персонализирани услуги, согласно вашите потреби.
Ние во АМСМ, како членка на FIA, веруваме дека пристапот до информации за вашите навики кога станува збор за мобилноста е дозволен само во случај на ваша информираност и само со ваша согласност. ВИЕ сте тие кои треба да одлучите дали ќе ги споделите податоците со други и со кого ќе го направите тоа.
На 24 ноември, FIA Region I откри кои податоци точно можат да се следат и пренесат со користење на т.е „поврзани автомобили“. Истрагата спроведена на две возила, конвенционално возило на гориво и електрично возило, откри дека податоци за профилот на возачот, локацијата на возилото, должината на патувањето, како и лични податоци од синхронизацијата на мобилните телефони, се следат и повратно се праќаат до производителот.
Резултатите покажуваат дека возилата „зборуваат“ многу повеќе за своите возачи, отколку што потрошувачите можеби мислат. Денес, само производителите на возила имаат директен пристап до податоците од„поврзаните возила“.
Јавното истражување, кое FIA Region I го спроведе во 12 европски земји и кое имаше цел да ги анализира ставовите на потрошувачите за „поврзаните“ возила, покажува јасна поделеност меѓу податоците кои потенцијално се следат и оние кои граѓаните се подготвени да ги прифатат. Европјаните сакаат контрола над своите податоци и слобода да одлучат со кој понудувач на услуги истите ќе ги споделат.
– 90% од испитаниците веруваат дека податоците му припаѓаат на сопственикот на возилото или возачот.
– 91% сакаат да имаат можност да ја исклучат „поврзаноста“ на возилото,
– 76% сакаат да одлучат кога и колку долго ќе дозволат „поврзаност на возилото“
– 78% веруваат дека во случај на дефект треба да имаат можност да изберат кој ќе го поправи.
Повеќе за истражувањето и заклучоците од истото, можете да најдете во брошурката „Што европјаните мислат за „поврзаните“ возила“ на македонски јазик тука.
Токму овие пораки беа пренесени на европратениците за време на настанот организиран по повод лансирањето на кампањата „МоеВозило, МоиПодатоци!“ (MyCar, MyData!). По овој повод, Претседателот на FIA Region I, г-динот Thierry Willemarck, рече „Постои јасна разлика меѓу податоците кои се следат и оние кои граѓаните навистина се подготвени да ги прифатат кога станува збор за податоци од „поврзаните автомобили“. Треба да се пронајде решение не само за заштита на податоците, туку и за обезбедување на континуирана информираност и слободен избор на даватели на услуги. „Поврзаните автомобили“ се веќе на пазарот, способни да следат и комуницираат приватни податоци за потрошувачите. Сега е моментот креаторите на политиката да завземат цврст став и да ги заштитат потрошувачите.“
На основа на овие две студии, FIA Region I и нејзините клубови, членки од Европа, меѓу кои и АМСМ, ја започнуваат кампањата „МоеВозило, МоиПодатоци!“ (MyCar, MyData!), со цел зголемување на јавната свест за податоците од „поврзаните автомобили“, донесување соодветна законска регулатива и обезбедување на фер пост-продажни услуги за „поврзаните автомобили“.
Во врска со „поврзаните автомобили“, со оваа кампања се бара:
ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Законодавството треба да обезбеди возачите да ја задржат сопственоста на податоците, а нивното користење да биде само преку информирана согласност од страна на возачот.
СЛОБОДЕН ИЗБОР
Возачите треба да имаат право да го изберат давателот на услугите.
ЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА
Давателите на услуги треба да имаат право да развиваат безбедни производи и функционалности.
За подобро да ја разберете потребата од заштита на потрошувачите кога станува збор за податоците на „поврзаните автомобили“, проследете го анимираното видео изработено на иницијатива на FIA Region I.
Повеќе информации за кампањата МоеВозило,МоиПодатоци! (MyCar,MyData) можете да прочитате на www.mycarmydata.eu.
This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.
Strictly Necessary Cookies
Strictly Necessary Cookie should be enabled at all times so that we can save your preferences for cookie settings.
If you disable this cookie, we will not be able to save your preferences. This means that every time you visit this website you will need to enable or disable cookies again.