Проект „Со велосипед на пат низ целиот град“

На 19 февруари, на иницијатива на АМСМ, беше одржана тркалезна маса на тема „Безбедноста на велосипедистите во градот“, на која присуствуваа сите релевантни владини и невладини институции како Министерство за внатрешни работи на Р.Македонија, Град Скопје и претставници на велосипедската заедница „На Точак“ и „Mustseedonia“.

На тркалезната маса беше дискутирано за потребите, можностите и плановите за зголемување на безбедноста на велосипедистите во градот, а беа утврдени и низа заеднички активности меѓу институциите, кои во наредниот период ќе бидат насочени кон едукација и подигање на свеста на возачите за рамноправноста на велосипедистите како учесници во сообраќајот, од една страна, но и кон зголемување на свеста на велосипедистите за еднакво почитување на сообраќајните правила и прописи, од друга страна.

Со ова се означи почетокот на проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“, кој е иницијатива на АМСМ во соработка со FIA, а кој го подржаа сите релевантни институции.

Во рамките на проектот, во периодот од 7-9 мај, беше одржана обука на тема „Однесувањето на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот“. На иницијатива и покана на АМСМ, обуката ја одржа проф.д-р Ралф Рисер од Австрија, експерт во областа на безбедноста во сообраќајот, со докажано искуство и голем број реализирани проекти во областа.

Неговата обука во фокус го стави однесувањето на возачите на начин кој ќе придонесе за поголема безбедност на велосипедистите на патиштата. Обуката се однесуваше на идентификување на општи проблеми и најчести типови на несреќи меѓу возачите и велосипедистите, пренесување на најдобри практики од  други земји во врска со познати решенија на најчестите безбедносни проблеми на велосипедистите, како и опсервација на терен на локации каде постои интеракција меѓу возачи и велосипедисти.

 

Обуката беше примарно наменета за инструкторите на Авто Школа Мобилити, од кои се очекува стекнатите знаења, преку својата работа, да ги пренесат на сите идни возачи, што на долг рок значи создавање на возачи со високо ниво на свест за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот. Покрај нив, на обуката присуствуваа и претставници од сите институции, партнери во проектот, кои на било кој начин се поврзани и можат да придонесат за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

На 15.06.2015 година, во АМСМ Станицата за технички преглед во Скопје-Центар, Генералниот Секретар на АМСМ и Претседателот на РСБСП ја промовираа налепницата „Мисли на велосипедистите“ која е наменета за подигање на свеста на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, а која е дел од проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“.

Клучните пораки кои треба да ги пренесе наленицата „Мисли на велосипедистите“, а се однесуваат на возачите на моторни возила, се:

– Гледајте и користете ги ретровизорите

– Внимавајте на велосипедистите, бидејќи тие се поранлива категорија на учесници во сообраќајот

– Велосипедистите не се појавуваат одненадеж.

Налепницата се поставува на десниот ретровизор, од страната на совозачот, во левиот (внатрешниот) долен агол, согласно упатството на FIA, на позиција каде не може да влијае на намалување на прегледноста и покривање на „слепиот агол“.

На 19.06.2015 година, во рамките на проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“, АМСМ на град Скопје му донираше 30 велосипеди за возрасни и 5 детски велосипеди, кои градот ќе ги стави на располагање на граѓаните во рамките на проектот „Изнајми велосипед“.

На 28.06.2015 година (недела), со почеток во 09:00ч пред „Порта Македонија“ се одржа завршниот настан на проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“. На настанот кој претставуваше велосипедско движење за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, присуствуваа околу 700 велосипедисти, а истиот се одвиваше по следната дефинирана рута:

– „Порта Македонија“ до АМСМ;

– преку ул.М.Т.Гологанов до „Веро Тафталиџе“;

– преку бул.„8-ми Септември“до „Ми-Да Моторс“, а потоа преку бул.„Илинден“ до кафе-бар „Штала“ и

– до крајната цел, „Школка“ во Градски парк.

Велосипедското движење со свое учество го поддржаа многу јавни личности, а свое учество земаа и Генералниот Секретар на АМСМ, Димитар Миновски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.

Движењето заврши на крајната дестинација „Школка“ во Градски Парк, каде покрај добра музика и забава, учесниците во велосипедското движење ги очекуваа и пет „Max“ велосипеди, кои беа доделени на дел од присутните на завршниот настан.

Како помина најмасовното велосипедско движење досега можете да видете тука.

Реализација: 2015 година

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping