КАМПАЊА #3500LIVES (#3500ЖИВОТИ)

Секој ден по 3.500 луѓе умираат на патиштата во светот. Притоа, младите луѓе се една од најранливите категории, имајќи во предвид дека сообраќајните незгоди се причина број еден за смртност на млади на возраст од 15-29 години.

Ова е алармантен тренд, чума на 21 век која мора да ја запреме, затоа што човечките, економските и социјалните трошоци стануваат неприфатливи. FIA, заедно со своите 245 членки од целиот свет, меѓу кои АМСМ, е прва на фронтот за решавање на овој предизвик.

АМСМ како единствена членка на FIA од Р.Македонија, глобалната кампања за поголема безбедност на патиштата 3500 ЖИВОТИ (#3500LIVES) ја промовира локално, потенцирајќи ја улогата на секој еден поединец во создавање на побезбедни патишта. Кампањата 3500 ЖИВОТИ (#3500LIVES) се однесува на промоција на неколку „Златни правила“ кои помагаат во намалување на жртвите во сообраќајот и спасување на човечки животи.

Златни правила на кампањата 3500 ЖИВОТИ (#3500LIVES):
Почитувајте ја пропишаната брзина – намалување на просечната брзина за 5% може да резултира во намалување бројот на фатални сообраќајни незгоди за 30%.
Проверувајте ги гумите– кога возите со оштетени или истрошени гуми, го ставате сопсвениот, но и животот на другите, на ризик.
Без СМС додека возите – веројатноста за сообраќајна незгода е за четири пати поголема кога возачите користат мобилен телефон.
– Секогаш бидете внимателни, фокусирани и концентрирани – во 49% од сите фатални сообраќјни незгоди, учесници се пешаци, велосипедисти или мотоциклисти.
Носете мотоциклистичка кацига – соодветното носење на мотоциклистичка кацига може да го намали ризикот од смрт за 40%.
Проверете го видот – ако послабиот вид остане некорегиран, тоа би значело дека 1 од 5 возачи не се во можност јасно да го видат патот.
Користете детско седиште за автомобил – детското седиште за автомобил ги намалува шансите за фатални последици во случај на сообраќајна незгода за 70%.
Врзете се – користењето на безбедносни појаси е клучно за безбедноста и на возачите и на патниците, а во случај на сообраќајна незгода го намалува ризикот од смрт на возачот и патниците на предно седиште за 45-50%
Никогаш не пијте кога возите – се проценува дека алкохолот е предизвикувачки фактор на 1 од 3 фатални сообраќајни незгоди, а строгото имплементирање на законот за возење под дејство на алкохол може да го намали бројот на жртви на патиштата за 20%.
Бидете видливи – ова особено важи за пешаците и велосипедистите, имајќи во предвид дека 22% од сите жртви во сообраќајот, се пешаци.
Застанете кога сте уморни – кај сообраќајните незгоди кои се поврзуваат со умор, веројатноста за фатални последици е три пати поголема, а во едно неодамнешно истражување 1 од 10 возачи признале дека им се има случено да заспијат зад волан.

За промоција на Златните правила задолжени се некои од најугледните светски спортисти и естрадни уметници како Фарел Вилијамс – пејач, текстописец и продуцент, Нико Розберг – шампион во FIA Фромула 1 во 2016 година, Јохан Блејк – олимписки и светски шамион на 4х100м и светски шампион на 100м, Рафаел Надал – тенисер и носител на 14 гренд слем титули и многу други.

За поддршка на кампањата ве молиме потпишете го FIA Манифестот на www.fia.com/3500LIVES за поголема безбедност на патиштата во светот, кој ги повикува сите влади да ја стават безбедноста на патиштата во своите приоритети и да воведат ефективна легислатива за клучните ризик фактори на патиштата.

Потпишувајќи го Манифестот, давате поддршка за:
– Амбициозни цели во поглед на намалување на бројот на жрвтите во сообраќајот;
– Подобра патна инфраструктура;
– Побезбедни возила;
– Поефективни закони;
– Стоп на брзото возење;
– Справување со проблемот на пиење и возење;
– Подобрено собирање на податоци;
– Основање на глобален фонд за побезбедни патишта;
– Поддршка од приватниот сектор; и
– Зголемена координирана акција.

Реализиција: 2018 година

Click outside to hide the comparison bar
Спореди