Кампања „Секое дете во детско седиште за автомобил“

На 20.09.2016 год., во јавната детска градинка „Пролет“ во Козле, беше одржана првата, од низата едукативни работилницина тема „Правилен избор, инсталација и користење на детски седишта за автомобил“ како дел од проектот „Секое дете во детско седиште за автомобил“.

Фотографии од одржаните работилници можете да видите këtu.

Проектот „Секое дете во детско седиште за автомобил“ се реализираше во период од септември до ноември 2016 година, со одржување на едукативни работилници во сите поголеми јавни детски градинки од сите општини на територијата на град Скопје.

Активностите на проектот имаа повеќе цели. Од една страна, проектот беше насочен кон зголемување на свеста на наставниот кадар и родителите на деца до петгодишна возраст за важноста на соодветниот избор на детско седиште во автомобил и негово правилно поставување. Од друга страна, проектот беше насочен и кон корегирање на однесувањето на децата во автомобил, се со крајна цел поголема безбедност на децата во сообраќајот и намалување на децата-жртви во сообраќајни незгоди.

Проектот беше во организација на АМСМ и беше ко-финансиран од FIA грант програмата за поголема безбедност на патиштата, а се реализираше во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија. Преку меморандуми за соработка и директно вклучување во реализацијата, проектот, покрај од Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија,  наиде на активна поддршка и од други релевантни институции како Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија и Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата.

Имено, со измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од 2015 година, во член 164 предвидено е дете помало од пет години при превезување во патнички автомобил на задно седиште, да биде поставено во посебно детско седиште кое за седиштето од возилото ќе биде прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. Со истиот член предвидено е превезувањето на дете до две години да биде на предното седиште во автомобилот, во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење и прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување, но под услов возилото да нема заштитно воздушно перниче или воздушното заштитно перниче да биде исклучено.

Употребата на детски седишта за автомобил е регулирана со закон во речиси сите поразвиени земји во светот. Од соседните и балкански земји, во Србија и Бугарија детското седиште е задолжително за деца до 3 години, во Албанија е задолжително за деца до 4 години, во Грција е задолжително за деца до 11 години, во Хрватска е задолжително за деца до 5 години, а во Словенија е задолжително за деца со висина до 1,5м.  Во западноевропските земји регулативата за користење на детско седиште во автомобил е уште порестриктивна. Во Германија и Австрија, детските седишта и специјалните ремени се задолжителни за деца до 14 годишна возраст и пониски од 1,5м. Оттука, старосната граница на децата, кога станува збор за детски седишта во автомобил, е различна во секоја земја, но задолжителна е усогласеноста на регулативата со стандардот ECE 44 од 2003 год.

Но, регулирањето на употребата на детски седишта во автомобил, само по себе не гарантира заштита на децата во сообраќајот, затоа што да се поседува детско седиште за автомобил не е доволно. Потребно е знаење и информираност на родителите да се избере соодветно детско седиште, истото правилно да се постави и на крајот и правилно да се користи, за родителите да бидат сигурни дека го направиле најдоброто за да го заштитат своето дете во сообраќајот.

„Детските седишта во случај на сообраќајна незгода ја намалуваат смртноста и повредите кај децата во 71% од случаите. Но, од друга страна дури 75% од родителите детските седишта за автомобил  погрешно ги поставуваат или погрешно ги користат!“ – извадок од „Прирачник за секој родител: Детски седишта за автомобил“.

Прирачникот за секој родител: Детски седишта за автомобил во кој ќе најдете сè што треба да знаете за правилен избор, соодветната инсталација и користење на детското седиште во автомобил, можете да го превземете këtu.

Тематската и едукативна боенка за вашето дете може да ја превземете и отпечатите këtu.

Реализација: 2016 година

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping