Сосема е сигурно дека ако користите мобилен телефон додека возите, имате приближно четири пати поголеми шанси да бидете вклучени во сообраќајна несреќа отколку возач кој не користи телефон. Овој ризик е сличен и кога станува збор за користење на „hands free“, бидејќи клучен проблем е когнитивното одвлекување на вниманието, а не само невнимание предизвикано од физичкото држење на телефонот. Искушението да се држи мобилниот телефон и да се гледа и користи додека се вози денес е реално.
Расеаното возење е сериозна и растечка закана за безбедноста на патиштата. Со сè почеста употреба на мобилни телефони и брзото воведување на нови комуникациски системи во возилата, овој проблем ескалира до критично ниво во последните години.
Знаеме дека лошите навики тешкo се оставаат и затоа, со поддршка од ФИА (Fédération Internationale de l’Automobile) го реализираме проектот „Drive In the Moment“. Проектот се заснова на истражување и бихејвиористички пристап, и е дизајниран за да помогне во прекинување на навиката за користење на мобилен телефон во текот на возењето.
Промоција на Американ Колеџ Скопје
Користејќи ја онлајн алатката „Drive In The Moment“ и приспособувајќи ја неговата имплементација и комуникација на локално ниво, проектот ги таргетира првенствено младите возачи од 18-22 години. Целта на проектот е да се зголеми свеста кај младите возачи за последиците од користење на паметен телефон како една од водечките причини за повреди и смрт на патиштата.
Промоција на Економски факултет- Скопје
Промоцијата на проектот се реализирана со поддршка на сите поголеми приватни и државни универзитети и факултети, таргетирајќи повеќе илјади студенти, млади или идни возачи.
Повеќе директни промоции со цел запознавање со „Drive In The Moment“ алатката се одржани на Универзитет Американ Колеџ Скопје, Европски Универзитет-Скопје, Универзитет Скопје, Економски факултет, ФЕИТ, ФИНКИ, Машински и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје итн.
АМСМ како единствена мобилити членка на ФИА од земјава има пристап до ФИА Фондацијата и ФИА грант програмите за поголема безбедност на патиштата. Проектот „Drive In The Moment“ беше еден од избраните проекти за ко-финансирање од страна на ФИА, во конкуренција на неколку стотини проекти од различни клубови.