?> АМСМ | Авто – Мото Сојуз на Македонија

Кампања „Вози зелено“

Вози зелено! (Make cars green) е меѓународна кампања за заштита на животната средина преку намалување на загадувањето од автомобилите и нивното влијание на нашата планета.

Кампањата се заснова на принципите од декларацијата „Вози зелено“ на FIA, едногласно усвоена на Генералното Собрание на FIA и е успешен пример како политичарите, индустријата и потрошувачите заедно можат да направат вистинска разлика.

Вози зелено! има цел да охрабри сериозно преиспитување на начинот на кој се гледа на автомобилите во општеството и пред се да охрабри еколошка мобилност во иднина.

Кампањата се заснова на 10 клучни точки за „позелено“ возење:

–  Купувајте еколошки автомобил

–  Планирајте го патувањето

–  Редовно проверувајте го притисокот на гумите

–  Намалете го товарот на автомобилот и избегнувајте употреба на кровен багажник

–  Не го загревајте моторот пред поаѓање

–  Употребувајте клима-уред само кога е неопходно

–  Забрзувајте постепено и одржувајте ја брзината на константно ниво

–  Користете моторно сопирање

–  Не го оставајте моторот да работи во лер

–  Намалете ја емисијата на CO2 од вашиот автомобил

Превземете ја брошурата и Возете зелено!

Реализација: 2008 година

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping