Бесплатна зимска проверка на возило

27/10/2019

Како наши АМСМ членови, досега сигурно веќе знаете дека секоја година, токму во овој период, за вас ја организираме бесплатната зимска проверка на возило, која вклучува:

  • Проверка и замена на антифриз во системот за ладење;
  • Замена на филтер и масло во мотор;
  • Проверка на сопирачки и глицерин;
  • Проверка на акумулатор;
  • Проверка на предница и возна постројка;
  • Проверка на амортизери; и
  • Проверка на осветлување.

Дополнително, во периодот на зимската проверка, како АМСМ членови, добивате и 30% попуст на нови гуми и вулканизерски услуги, кој можете да го искористите во АМСМ сервисот за автомобили лоциран во Скопје-Центар.

Искористете ја привилегијата да се биде АМСМ член, закажете навреме бесплатна зимска проверка на возило на АМСМ инфо линија 02/3181-181 и дочекајте ја и оваа зима подготвени.

Акцијата трае од 01.11-31.12.2019 год., а можете да ја искористите во АМСМ во Скопје и во Велес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ