БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ПРОВЕРКА
12/05/2025
Искористете ја привилегијата што ја носи Вашата АМСМ членска картичка и влезете во летната сезона безгрижно и сигурно. Во периодот од 15.05 до 30.06.2025, како наши членови имате можност да направите бесплатна летна проверка на возило во нашите сервиси.
Проверката на возилото вклучува:
- Бесплатни сервисни услуги, како проверка на ниво на масло во мотор, контрола на антифриз, кочиона течност, течност за серво управувач, состојба на акумулатор и визуелна проверка на состојбата на моторот, проверка на предни и задни кочиони облоги, состојба на предни и задни сврзни елементи на потпирањето, на елементите од системот за управување, елементите од погонскиот систем и елементите за потпирање на моторот;
- 30% попуст на вулканизерски услуги и
- 20% попуст на работна рака.
Бесплатната летна проверка можете да ја искористите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар), Велес и во Кичево, само со претходно закажување.
Закажување: 02/3181-181