Меѓународна соработка

Meѓународниот аспект е исклучително значаен за постоењето и работењето на АМСМ.

Благодарение на ентузијазамот  на многу минати и сегашни генерации, денес АМСМ е дел од сите релавантни меѓународни организации од доменот на мобилноста, безбедноста на патиштата и заштита на интересите на возачите.

Во голем број од овие организации, АМСМ до денес е единствена членка од нашата земја.

За енергијата со која АМСМ настапува во овие меѓународни организации, најмногу зборува фактот дека токму претставници од АМСМ биле или сеуште се членови на некои од највисоките тела на овие меѓународни организации.

Во рамките на меѓународната соработка, АМСМ беше домаќин на значајни настани од меѓународен карактер, како „X Балканска конференција на автомобилските сојузи и клубови“ (1983), „Балканската конференција за помош на патишта“ (1998), доделувањето на наградите и прогласувањето на „FIA CEZ Шампионатот“ и „Челинџ шампионатот“ (2008), „25-от Европски сообраќајно-едукативен натпревар на FIA- ETEC“ (European Traffic Education Contest) (2010), претседателскиот состанок на FIA Регион I (2013) итн.

Покрај ова, членството на АМСМ во меѓународните организации, низ годините значеше чест да се биде домаќин и на видни личности од светот на автомобилизмот, како  генералниот директор на AIT (Меѓународната туристичка алијанса)-господинот Петер Догвилер (1998) кој својата посета на АМСМ ќе ја повтори уште еднаш (2005), но овој пат ќе присуствува како извршен директор на FIA (Меѓународната автомобилистичка федерација), потоа претседателот на FIA -господинот Макс Мозли (2008), претседателoтот на FIA Регија I – господинот Вернер Краус (2008), како и на една од највлијателните личности во авто-мото спортот и во моментот прв човек на FIA – гoсподинот Жан Тод (2012), кој воедно беше примен и од Претседателот на државата.

Click outside to hide the compare bar
KRAHASO
Споредба ×
KRAHASO Continue shopping