Доколку планирате патување надвор од државата, ви препорачуваме да извадите Европа Премиум картичка. Со неа покрај бесплатна помош на пат низ Македонија и цела Европа, добивате и подарок патничко осигурување, па така имате сè што ви е потребно за безгрижни патувања.
Патничкото осигурување кое го добивате со Европа Премиум картичката е со покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. За издавање на патничкото осигурување потребен е пасош. Патничкото осигурување го добивате во електронска форма на ваша е-адреса.
Повеќе информации на 02/3181-108