НОВА АМСМ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

25/04/2024

Од неодамна на Play Store и на App Store достапна е комплетно нова АМСМ мобилна апликација, збогатена со многу функционалности кои ќе ви помогнат при закажување и користење на АМСМ услугите и секако, при патување во земјава и надвор од неа.

Дел од новините во АМСМ мобилната апликација кои сигурно ќе ви ги направат патувањата во земјата и надвор од неа полесни, ви овозможуваат:

  • Да повикате помош на пат во случај на дефект и да го следите статусот на интервенцијата од отворена до извршена;
  • Да имате секогаш прегледен приказ на состојбата на патиштата со приказ на забрани за сообраќај, работа на пат, опасност, специјален режим на сообраќај и сл. со листа и на мапа обележани на соодветни делници;
  • Да учествувате во известувањето за состојбата на патиштата и да пријавите застој на пат;
  • Да ги добиете сите информации за патување во странство на едно место, како состојба на гранични премини, цени на гориво, патарини во странство и други информации поврзани со сообраќајните правила и прописи за повеќе од 30 европски земји (поважни телефони, употреба на детски седишта, задолжителна опрема и сл.)

Во новата АМСМ мобилна апликација има и функционалности кои ќе ви помогнат за полесно закажување и користење на нашите услуги, кои ви овозможуваат:

  • Онлајн да закажете сервис за вашиот автомобил, велосипед или мобилен сервис за приватни или службени возила;
  • Онлајн да се пријавите или да пријавите друг и онлајн да платите за различни категории на обука во Авто Школа Мобилити Плус;
  • Онлајн да ја продолжите вашата АМСМ членска картичка, така што таа ќе ви биде испорачана бесплатно по пошта на ваша адреса.

Покрај ова во АМСМ мобилната апликација достапни се информации и за сите други наши услуги, како технички преглед, осигурување, а-тест на возила и секако пристап до содржините на членското списание АМСМ Клуб Мобилити.

Со следните верзии на АМСМ мобилната апликација, очекувајте уште неколку нови функционалности, дел од нив ексклузивно достапни само за активни АМСМ членови.

Симнете ја АМСМ мобилната апликација за Android и iOS. Патувајте БЕЗГРИЖНО!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping