ECMA

АМСМ e член од 2007 година

 

ЕКМА претставува Европска алијанса на клупски списанија на ФИА во која соработуваат 14 автомото и туринг-клубови од Европа. Во 2007 година „АМСМ Клуб мобилити“ стана рамноправен член на Европската алијанса на клупски списанија на ФИА чии заеднички стории и информации пристигнуваат до над 70 милиони читатели-членови со што таа претставува најмоќна издавачка алијанса во Европа.

Воспоставувањето успешен однос на комуникација и соработка со читателите е комплексен процес кој зависи од многу фактори. Работата е уште поспецифична кога станува збор за членско списание.

Со формирањето на Европската алијанса на клупски списанија на ФИА во 2006 година во Минхен, започнува и остварувањето на нејзината основна стратегија – публикување на заеднички стории, размена на информации помеѓу автомото и туринг-клубовите во интерес на членовите.

Click outside to hide the comparison bar
Спореди
Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.