Услови за користење

Услови за користење на АМСМ членството

 

 

УПАТСТВО како да постапите ПРИ ДЕФЕКТ НА ВОЗИЛО И

ПРИ СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

 

Исправноста на возилото, сервисирањето и одржувањето, како и проверката пред секое подолго патување спаѓаат во основните фактори за да имате безбедно патување.

 

КАКО да ги користите услугите НА АМСМ ЗА ПОМОШ НА ПАТ на територијата на Р. Македонија

Најчестите дефекти при патување што можат да Ви се случат се дупната гума, откажување на дел од електрониката на возилото, прегорување на светилка, но понекогаш се случува од немарност да останете и без гориво.

 

Што да преземете во случај на дефект на Вашето возило:

– Рефлектирачкото елече треба да биде блиску, на дофат на раката.

– Идеално е ако имате резервен елек за сопатник.

КАКО да ги користите услугите ЗА ШЛЕПУВАЊЕ на територијата на Р. Македонија

Што да преземете во случај на  СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА:

Сообраќајната незгода може да се случи дури и на претпазливи возачи,  и, заради тоа, АМСМ сака да Ве извести за неопходната процедура која треба да ја направите во овој случај.

– Рефлектирачкото елече треба да биде блиску, на дофат на раката

– Идеално е ако имате резервен елек за сопатник.

ОДРЕДБИ ЗА ЧЛЕНСКИ УСЛУГИ, вклучени во пакетот АМСМ CLASSIC

  1. Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото

1.1  Опис на услуга

Бесплатен пренос на возило до 200 км во двете насоки во случај на дефект претставува услуга што ја извршува договорен партнер на АМСМ, на територијата на Република Македонија, врз возило со кое управува корисникот на пакетот на АМСМ, или истовремено физички е присутен во возилото при извршувањето на интервенцијата, а притоа возилото е во дефект, односно не може да се движи на сопствен погон.

Бесплатен пренос на возило во случај на дефект е можен доколку вкупната оддалеченост изнесува до 200 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото.

Во случај оддалеченоста во двете насоки да надминува 200 км, на корисникот на услугата ќе му биде наплатено за разликата од 200 км до вкупното растојание, по цена за членови, а во согласност со патната карта на АМСМ (изготвена од страна на ТРИМАКС) или GPS-системот, вграден во камионот.

Дополнителни трошоци на товар на корисникот на пакетите:

а) доколку вкупната маса на возилото надминува 3,5 тона

б) трошоци за патарина.

1.2 Број на бесплатни интервенции

Корисникот на услугата има право на еднократен бесплатен пренос на возило во случај на дефект на територијата на Република Македонија во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

  1. Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода – неограничено во километри (еднократно во период од 12 месеци)

2.1 Опис на услугата

Оваа услуга  опфаќа:

а) Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода или

б) Бесплатен пренос на оштетена камп-приколка во случај на сообраќајна незгода или

в) Бесплатен пренос на возило/или на камп-приколка, пријавени пред надлежен орган дека е предмет на кражба.

а)  Пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода

Бесплатен пренос на оштетено возило во случај на сообраќајна незгода претставува услуга што ја извршува договорен партнер на АМСМ, на територијата на Република Македонија, врз возило со кое управува корисникот на пакетот на АМСМ, или истовремено физички е присутен во возилото при извршувањето на интервенцијата.

Пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода се извршува:

б) Бесплатен пренос на оштетена камп-приколка во случај на сообраќајна незгода

Бесплатен пренос на оштетена камп-приколка во случај на сообраќајна незгода претставува услуга што ја извршува договорен партнер на АМСМ, на територијата на Република Македонија, врз возило чиј составен дел е камп-приколка.

Пренос на оштетена камп-приколка ќе се изврши доколку корисникот на АМСМ членскиот пакет е физички присутен во возилото чиј составен дел е камп-приколката и доколку истата е уредно регистрирана.

Пренос на оштетена камп-приколка во случај на сообраќајна незгода се извршува:

в) Бесплатен пренос на возило /или на камп-приколка пријавени пред надлежен орган дека е предмет на кражба

Бесплатен пренос на возило и/или на камп-приколка пријавено пред надлежен орган дека е предмет на кражба претставува услуга, што ја извршува договорен партнер на АМСМ, на територијата на Република Македонија.

Пренос на возило и/или на камп-приколка пријавени пред надлежен орган дека се предмет на кражба се извршува:

2.2 Број на бесплатни интервенции

Корисникот на услугата има право на еднократен бесплатен пренос на возило во случај на дефект на територијата на Република Македонија во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

  1. Пренос на возило по повластена цена за членови

Пренос на возило по повластена цена за членови претставува услуга што ја извршува договорен партнер на АМСМ, на територијата што е назначена во пакетот, врз возило со кое управува корисникот на пакетот на АМСМ, или истовремено физички е присутен во возилото при извршувањето на интервенцијата, а притоа возилото е во дефект, односно корисникот смета дека оваа услуга му е потребна.

  1. Бесплатна помош на пат– замена на пневматик, стартување на возило заради испразнет акумулатор, отстранување проблеми со брава, отстранување ситен дефект и дотур на гориво.

4.1 Опис на услугата

Помош на пат на возило во дефект претставува услуга што ја извршува договорен партнер на АМСМ, на територијата на Република Македонија, врз возило со кое управува корисникот на пакетот на АМСМ, или истовремено физички е присутен во возилото при извршувањето на  интервенцијата, а притоа возилото е во дефект и/или сообраќајна незгода и е неопходна техничка интервенција.

Помош на пат се извршува во случај на неочекувани дефектни состојби на возилото и притоа се врши привремено, но не и долгорочно отстранување на дефектот, со цел возилото да биде во возна состојба.

Доколку договорните партнери не се во состојба да го отстранат дефектот на возилото поради тоа што претставува системски дефект, дефект од несоодветно одржување, дефект предизвикан од несоодветни резервни делови и несоодветна стручност од страна на лица и сервиси што го одржуваат возилото, во овие случаи договорните партнери не се обврзани да ја извршат наведената услуга.

4.2 Број на бесплатни интервенции

Корисникот на услугата има право на три интервенции на територијата на Република Македонија во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

  1. Извлекување на возило каде е технички можно

5.1 Опис на услугата

Извлекување претставува услуга што ја извршува договорен партнер на АМСМ, на територијата на Република Македонија, врз возило што излетало од автопат, магистрален или од регионален пат, за што е неопходна специјална техничка интервенција за негово враќање на коловозот.

5.2 Број на бесплатни интервенции

Корисникот на услугата има право на една интервенција на територијата на Република Македонија во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

  1. Покривање на патни трошоци до 1000 денари во случај на дефект или на сообраќајна незгода (еднократно во период од 12 месеци)

6.1 Опис на услугата

Покривање на патни трошоци до 1000 денари претставува услуга што ја извршува АМСМ, на територијата на Република Македонија, а се извршува исклучително при истовремено користење на услугата „Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото“ или „Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода – неограничено во километри“.

Патните трошоци се покриваат исклучително за корисникот на пакетот.

Со оваа услуга се признаваат трошоци за:

– редовен автобуски превоз или железнички превоз.

При надоместување на патните трошоци потребно е да се приложат оригинални документи до АМСМ со износот на патниот трошок, како и датумот на неговото извршување.

5.2 Број на интервенции

Корисникот на услугата има право на еден паричен надомест за покривање на патните трошоци  во времетраење од еден членски период, кој изнесува 12 месеци.

  1. Дополнителни погодности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ организирани за членот или возилото кое гласи на членот

Дополнителните погодности, попусти и сезонски акции во системот на АМСМ ги опфаќа сите специјални сезонски активности кои во текот на една календарска година АМСМ ќе ги организира за своите членови. Попустите и сезонските акции организирани во системот на АМСМ поврзани со возилото, може да ги користи членот само доколку возилото е регистрирано на негово име во период на важност на пакетот.

  1. „Travel Info Set“ (Информативен комплет за патување)

„Travel Info Set“(Информативен комплет за патување) е обезбеден од страна на АМСМ за членовите на АМСМ што патуваат надвор од Република Македонија, а имаат потреба од соодветни сообраќајни, туринг и картографски информации.

При користење на комплетот за патување потребно е корисникот да ги достави основните податоци за патувањето, вклучувајќи ја крајната дестинација.

„Travel Info Set“ содржи:

– информативен леток со основни податоци за секоја држава поединечно;

– патна карта обезбедена од АМСМ (максимум една карта во текот на валидноста на еден период на членство);

– план за патување (опис на планираната маршрута, со прецизни информации за насоката и за оддалеченоста).

  1. „Show your Card!“ – Интернационална програма за попусти

„Show your Card! “претставува услуга што ја извршува договорен партнер на АМСМ. Во текот на валидноста на членството корисникот на пакетите може да ги користи специјалните попусти, што АМСМ ги обезбедува заедно со своите договорни партнери. Услугата се остварува со покажување на членската картичка со логото „Show your Card!“.

  1. АМСМ Партнер програма – Национална програма за попусти

„АМСМ партнер“ претставува услуга што ја извршува договорен партнер на АМСМ. Во текот на валидноста на членството корисникот на пакетите може да ги користи специјалните попусти, што АМСМ ги обезбедува заедно со своите договорни партнери. Оваа услуга е валидна исклучително на територијата на Република Македонија и се остварува со покажување на членската карта на АМСМ и со документ за лична идентификација.

  1. Бесплатно доставување на списанието „АМСМ Клуб Мобилити“ на контакт адреса.
  2. Можност за купување кампинг – картичка CCI за попуст во над 1100 кампови во цела Европа .

 

II ОПШТИ ОДРЕДБИ[1]

Член 1

АМСМ членските пакети наменети за физички лица овозможуваат погодности во Република Македонија и низ Европа, без оглед на тоа дали членот управува со свое или со туѓо моторно возило. Возилото треба да е уредно регистрирано со македонски регистарски таблички и да гласи на физичко лице, односно членството се однесува на зачленетото лице, а не на возилото. АМСМ членските пакети наменети за физички лица може да се користат и за возила на лизинг, при што АМСМ има право да бара од членот да достави потврда од лизинг компанијата дека членот е корисник на лизингот. Членот има право да ги користи, целосно или делумно, услугите пропишани во соодветниот пакет, по свој избор, во зависност од избраниот пакет.

АМСМ членските пакети наменети за правни лица имаат право да ги користат услугите исклучиво за возилото за кое е издадена членска картичка. Членските права кои произлегуваат од оваа членска категорија се валидни во случај кога возилото е управувано од страна на овластено лице, со патен налог издаден од страна на правен субјект или со полномошно од него.

Член на АМСМ

Член 2

Член на АМСМ може да биде физичко или правно лице.

Физичко лице може да биде член на АМСМ ако е државјанин на РМ или странец со регулиран привремен престој во државата со валидна лична идентификација издадена од овластен орган на РМ, независно од возраста во согласност со Законот за здруженија и фондации и со Статутот на АМСМ. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во АМСМ со давање заверена изјава на нотар на неговиот законски застапник за зачленување во АМСМ во согласност со Законот.

Лицата со ограничена деловна способност може да бидат членови на АМСМ со заверена изјава на нотар на законскиот застапник во согласност со Законот.

Физички лица се здобиваат со членство во АМСМ со потпишување пристапница за физички лица.

Правно лице може да биде член на АМСМ доколку ги исполнува следниве услови:

– да е регистрирано во Централниот регистер на РМ за вршење на стопанска дејност согласно Законот за трговски друштва,

– да имаат во сопственост регистрирани моторни возила за вршење на стопанската дејност,

– да користи  услуги од АМСМ и од правните лица во системот на АМСМ.

Правни лица се здобиваат со членство во АМСМ со потпишување корпоративен договор и/или пристапница за правни лица.

Член е секое физичко или правно лице што ја платил членарината во АМСМ и ги прифаќа општите одредби и услови на користење на услугите на АМСМ. Членот има право да ги користи, целосно или делумно, услугите пропишани во соодветниот пакет, по свој избор, во зависност од избраниот пакет.

Времетраење на членството

Член 3

Пропишаниот износ на членарина, во зависност од избраниот пакет, важи за период од 12 месеци од денот на потпишувањето на Пристапницата и уплатата на целосниот износ.

Важност на членските пакети

Член 4

Членските пакети важат за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила кои не ги надминуваат следниве карактеристики:

  1. Вкупна маса до 3,5 тона и
  2. Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м

Доколку возилото за кое се бара интервенција не ги исполнува горенаведените услови, АМСМ го задржува правото да не ја изврши бараната интервенција.

Член 5

Корисниците на членските пакети наменети за физички лица имаат право да ги користат услугите во зависност од избраниот пакет, без оглед на тоа дали управуваат со свое или со туѓо моторно возило согласно член 1 од Општите Одредби, бидејќи членството се однесува на зачленетото лице, а не на возилото.

Потребно е барател на интервенцијата да биде членот, односно корисникот на еден од пакетите, кој управува со возилото или истовремено е физички присутен во возилото при извршувањето на интервенцијата.

АМСМ има право да побара писмено одобрување од сопственикот на возилото во случај кога со возилото управува друго лице и интервенцијата е по барање на корисник на еден од пакетите на АМСМ. Доколку се утврди дека барателот на интервенцијата нема овластување од сопственикот на возилото, АМСМ не е обврзан да ја изврши интервенцијата.

Член 6

Сите членски пакети важат на територијата на Република Македонија.

Членските пакети  „АМСМ Европа Премиум“ и „АМСМ Бизнис Европа Премиум“, освен на територијата на РМ, важат и за државите од континенталниот дел на Европа и за островите кои се во склоп на Европа.

Секоја потреба од помош на пат, пренос на возилото во случај на дефект или на сообраќајна незгода или покривање на патните трошоци, членот треба задолжително да ја пријави во Контакт центарот на телефон 196 (за интервенции во РМ) или на телефон + 389 2 3181 196 (за интервенции надвор од РМ) во рок од 24 часа, во спротивно АМСМ нема да изврши рефундирање на средства и користењето на услугите ќе бидат невалидни.

Во случај на задоцнето извршување на увид од страна на овластено лице на МВР, повикот до Контакт центарот може да се направи со задоцнување, при што се вклучува времето потребно за увид на овластените лица и ќе се смета за валиден и во согласност со условите на пакетот. Корисници на пакетите на АМСМ и/или други лица, учесници во незгодата на возилото за кое се бара интервенција, кои претрпеле повреди за што е потребна медицинска нега, не се обврзани да направат повик до корисничката служба во пропишаниот рок од 24 часа, односно нивните барања ќе бидат валидни и по овој период.

Начин на користење на членските услуги

Член 7

Доколку физичко или правно лице првпат се зачленува во АМСМ, или, пак, доколку физичко или правно лице (со постојано членство) има прекин во членството подолго од 30 дена од денот на истекувањето на членството, има право на следниве членски услуги:

  1. Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 км во двете насоки (еднократно во период од 12 месеци)
  2. Бесплатен пренос на возило во сообраќајна незгода – неограничено во километри (еднократно во период од 12 месеци) во кој се вклучени и:
  3. a) Бесплатен пренос на оштетена камп-приколка во сообраќајна незгода или ако е предмет на кражба

б) Бесплатен пренос на возило пријавено пред надлежен орган дека е предмет на кражба

може да користи бесплатно по 7 дена од датумот на зачленувањето.

Доколку физичко или правно лице – член на АМСМ нема направено прекин во членскиот период, бесплатните услуги поврзани со преносот на возилото може веднаш да ги користи.

Сите останати услуги наведени во членскиот пакет може да се користат веднаш по зачленувањето.

Член 8

Дополнителни погодности, попусти и сезонски акции организирани во системот на АМСМ кои се однесуваат за моторни патнички возила или за лесни комерцијални возила – може да ги користи исклучиво носителот на членскиот пакет само доколку возилото е регистрирано на негово име. 

Дефект на возило 

Член 9

Дефект на возило е состојба кога ќе се утврди дека возилото е технички неисправно и може да ги загрози или да ги попречи другите учесници во сообраќајот, при што возилото не е во возна состојба. Како дефект на возило не се сметаат системските откажувања на одредени делови на возилото или дефектите што произлегуваат од несоодветно одржување.

Сообраќајна незгода

Член 10

Сообраќајна незгода претставува состојба кога едно возило учествува во судир со друго возило, судир со животно на патот, налетување на подвижен или на фиксен објект, излетување од патот, превртување на возилото и како последица на наведеното, возилото е во имобилизирана состојба и не е во можност да го продолжи патувањето.

Единствен доказ за сообраќајна незгода претставува службениот документ издаден од страна на овластен орган или европскиот записник за сообраќајни незгоди

 

Кражба 

Член 11

Кражба на возилото претставува противправно одземање на овластеното возило. Единствен доказ за кражба на возилото претставува службен документ издаден од страна на овластен орган.

Виша сила

Член 12

АМСМ има право да не изврши интервенција и нема одговорност во случај на виша сила, во воена или во вонредна состојба.

Договорен партнер на АМСМ

Член 13

Договорен партнер на АМСМ претставува правно лице што ги исполнува стандардите за квалитет пропишани од страна на АМСМ и со кое АМСМ склучува договор за извршување на одредени услуги, со цел да им обезбеди на корисниците на пакетите на АМСМ квалитетна и соодветна услуга, што ја извршува договорниот партнер.

АМСМ е должен да врши редовна контрола врз квалитетот на услугите на договорниот партнер, односно давателот на услуги.

Договорни партнери се:

Договорен партнер за помош на пат:

Договорен партнер за програмата Show your Card! (SyC)

Договорен партнер за програмата „АМСМ партнер“

[1] Врз основа на одредбите од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ бр.52/2010) и член 45 од Статутот на Здружението на граѓани Авто Мото Сојуз на Македонија Скопје и согласно Правилникот за членски категории и членски права на членовите на АМСМ  донесени се следните Општи Одредби

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping

Споделете ги поволностите со најблиските!