Активација на картичка

Доколку сте купиле картичка кај надворешен соработник за продажба на АМСМ картички, тогаш следете ги чекорите подолу за активација на истата:

  1. Изгребете го кодот за активирање на задната страна на картичката што сте ја купиле кај нашиот надворешен соработник
  2. Селектирајте ја подолу картичката која треба да ја активирате
  3. Во формуларот внесете го кодот за активирање, вашите податоци и изберете начин на достава на активна АМСМ картичка
  4. За успешно активирање на картичката ќе добиете потврда на мејл кој го имате запишано во формуларот
  5. Очекувајте да ве контактираме за достава на картичката
  6. Патувајте БЕЗГРИЖНО
За помош и информации можете да се јавите во АМСМ Контакт центар 24/7 на телефонските броеви: +389 2 3181 181 и 196
  • Картичките Classic, Europe Premium и Velo се наменети исклучиво за физички лица
  • Избраната картичка можете да ја активирате најмногу 30 дена од денот на купување
  • Доколку првпат купувате АМСМ картичка, услугите кои се однесуваат за бесплатен пренос на возило на територија на РСМ и Европа не може да ги користите првите 7 дена сметано од денот на активирање.
  • Услугите се однесуваат за патнички моторни возила уредно регистрирани со македонски регистарски таблички кои не ги надминуваат следниве карактеристики:
    • Вкупна маса до 3,5 тона и
    • Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м
  • Секоја потреба од помош на пат, пренос на возилото во случај на дефект или на сообраќајна незгода или покривање на патните трошоци, задолжително треба да се пријави во Контакт центарот на телефон 196 (за интервенции во РМ) или на телефон + 389 2 3181 196 (за интервенции надвор од РМ) во рок од 24 часа, во спротивно АМСМ нема да изврши рефундирање на средства и користењето на услугите ќе бидат невалидни.
Click outside to hide the comparison bar
Спореди