Украина стекна независност во 1991 по распадот на Советскиот Сојуз. Има 52.200.000 жители од кои 73% Украинци, 22% Руси, 1% Евреи и 4% останати. Главен град е Киев со 2.654.000 жители. Се граничи со : Руската федерација на исток и север; Белорусија на север; Словачка и Унгарија на запад; Романија и Молдавија на југозапад. Рамницата во центарот на Украина е окружена со планини од запад и исток а на југ излегува на Азовско и Црно море.
Полиција 102; Брза Помош 103; Противпожарна бригада 101; 112 УА (алармен центар- помош на пат) +380 322 976 550
За влез во Украина не е потребна виза Потребни се :Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места: – сите возила 60 км на час Надвор од населени места: – Автопат 130 км на час; – Останати патишта 90-110 км на час; Автобуси, возила со приколка, моторцикли – 80 км на час Камиони и превоз на патници – 60 км на час
Употреба на мобилен телефон: забрането, дозволено Hands- free, казна над 40 евра
Дозволено ниво на алкохол :нема, но толеранција во некои случаи е до 0,02%
Ремени : задолжителни за сите седишта Детски седишта: да, за деца под 12 години и пониски од 1,45м. Средно светло дење :да, од 01 октомври до 30 април Прва помош сет: задолжителен ПП апарат : задолжителен Триаголник: задолжителен Рефлектирачки елек:не Зимска опрема: Зимски гуми на сите 4 тракала. Период: ноември до април. Употребата на синџири за снег е дозволена. Минимум длабочина на шарката 6 мм.
Велика Британија или Обединетото кралство е островска држава која се наоѓа во Северо-западниот дел од Европа. Велика Британија се состои од 4 дела: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Зафаќа површина од 242.521 км2 и има вкупно 58.801.500 жители. Главен град е Лондон кој има околу 10 милиони жители. Други поголеми градови се Манчестер, Ливерпул, Лидс, Њукасл, Глазгов. Службен јазик е англиски.
Полиција 112 или 999
Амбуланта 112 или 999
Пожарна 112 или 999
Помош на пат 44800 887766
Информации 0870 5500 600
АА (Roadwatch) 0906 88 34 322 или 84322 од англиски мобилен
АА (аларм центар) 0800 0289 018 (со членска книшка) 0800 88 77 66 (член без книшка)
За влез во Велика Британија потребна ни е виза, која се обезбедува во Британската амбасада во Скопје. Амбасада на Велика Британија Салвадор Аљенде 73 1000 Skopje telephone: +389 2 3299 299 fax: +389 2 3179 726 e-mail:[email protected] Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола, како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – сите возила 48 км на час
Надвор од населени места
Автомобили – Автопат 112 км на час; –
Останати патишта 96 км на час;
Сообраќајот во Велика Британија се одвива по левата страна од патот.
забрането (казна до 1000 фунти), hands-free дозволено
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,08%.
Ремени: задолжително
Детски седишта: задолжително за деца до 3 години, и за од 3 до 12 години пониски од 135 см.
Средно светло дење : не
Прва помош сет: не, се препорачува
ПП апарат: не
Триаголник: не, се препорачува
Рефлектирачки елек: не
Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО
Турција е држава која лежи на два континента Европа и Азија. Излегува на Црно, Мраморно, Егејско и Средоземно море. Зафаќа површина од 779.452 квадратни километри и има вкупно 62.5 милиони жители. Земјата изобилува со природни, археолошки и културни богатства. Главен град е Анкара, а службен јазик е турски.
Полиција 155
Сообраќајна полиција 154
Амбуланта 112
Пожарна 110
Помош на пат +90 212 282 8140/217 или 223 информации
Полиција 112 / 133
Амбуланта 112 / 144
Пожарна 112 / 122
ОАМТЦ +43 1 711 99 1440 (состојба на пат) или 0810 120 120
ОАМТЦ +43 1 711 99 2851 (туринг инфо)
ОАМТЦ 120 (алармен центар)
Потребни документи се: Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возила, ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – автомобили 50 км на час
Автомобили – Автопат 120 км на час; – Останати патишта 90 км на час;
Автомобили со приколка – Автопат 110 км на час; – Останати патишта 80 км на час
Минимална дозволена брзина на автопат е 40 км на час.
За време на возење во Турција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%. Лимитот од 0.05% се однесува само за возачи на патнички возила без приколки и камп приколки. За возачи на други возила лимитот е 0%.
Ремени: задолжително (казна 77 TRY)
Детски седишта: да, до 3 години на предно седиште во детско седиште, над 3 години, а пониски од 150 см на задно седиште во детско седиште.
Средно светло дење: не
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: задолжително
Триаголник: задолжително два триаголника за сите возила
Ограничувања за тешки возила: Возила над 7 тони имаат забрана за движење во Истанбул од 06.00 до 10.00 и од 16.00 до 22.00 во работни денови. Оваа забрана се однесува и за мостот Fatih Sultan Mehmet преку Босфор.
Зимска опрема: зимски гуми. Период:1 декември – 1 април. Синџири – според временските услови.
Швајцарија се наоѓа во Западниот дел на Европа помеѓу Германија, Франција, Италија, Лихтенштајн и Австрија.Според обликот на државно уредување Швајцарија е конфедерација и се состои од неколку кантони. Зафаќа површина од 41.285 км2 и има вкупно 7.260.000 жители. Главен град е Берн. Други поголеми градови се Женева, Цирих, Лозана… Службени јазици се германски, француски, италијански.
Полиција 117
Амбуланта 144/112
Пожарна 118
ТЦС (инфо центар) 163 (се наплаќа) или 0844 888 111
ТЦС (аларм центар) 0800 140 140 или +41 22 417 22 20
За влез во Швајцарија не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
– Во населени места 50 км на час – На автопат 120 км на час – Останати патишта 80-100 км на час
За време на возење во Швајцарија е забранета употребата на мобилен телефон. (казна 100 ЦХФ), hands-free дозволено.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0.05%.
Ремени: задолжително (казна 60 ЦХФ) Детски седишта: деца до 12 години пониски од 1,5м. мораат да седат во детски седишта. Средно светло дење: се препорачува Прва помош сет: не ПП апарат: не Триаголник: задолжително и да се чува во кабина Рефлектирачки елек: не Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Зимски гуми не се задолжителни, но возилата кои не се опремени за да патуваат по снег и кои го попречуваат сообраќајот се подложни на парична казна. Синџири за снег се задолжителни во областите каде што е наведено на соодветни сообраќајни знаци.
Шведска се наоѓа на Скандинавскиот полуостров во северниот дел на Европа. Се граничи на запад со Норвешка и на исток со Финска.Шведска е административно поделена на 24 области. Зафаќа површина од 449.964 км2 и има вкупно 8.9 милиони жители.Главен град е Стокхолм. Други поголеми градови се Гетеборг,Малме. Службен јазик е шведски.
Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 National Swedish Roads Administration Customer Service (информации) 0900 202 1000, – 4.55 СЕК по минута “Assistancekaren” (помош на пат) : 020 912 912 Од мобилен +46 8627 5757
За влез во Шведска не е потребна виза . Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – сите возила 30 – 70 км на час Надвор од населени места – сите возила 70 – 100 км на час. На автопат – сите возила 90 и 120 км на час. За време на зимските месеци на некои автопатишта брзината е ограничена на 90 км на час.
Употреба на мобилен телефон: не е забрането.
Ракување со мобилен телефон, навигација и аудио систем, или било кој сличен уред додека возите е дозволено само под услов да “не предизвика опасни сообраќајни ситуации или влијае на возењето во негативен начин”. До полицијата е да одлучи, во конкретен случај, дали е дозволена употреба или не. Општа препорака е да го запрете автомобилот пред да користите таква опрема.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0.02%.
Ремени : задолжителни (казна 1.500 СЕК/170 евра) Детски седишта: да, пониски од 135см и помлади од 15 години -соодветно детско седиште според возраста Средно светло дење : задолжително Прва помош сет: се препорачува ПП апарат : се препорачува Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не Зимска опрема: Зимски гуми на сите 4 тркала.Период: 1 декември – 31 март. Ако нема зимски услови за возење, летни гуми се дозволени, дури и помеѓу 1 декември и 31 март. Препорака е да се има јаже за влечење, кабли за палење, рефлектирачки елек.
Шпанија се наоѓа во Југо-западна Европа и се протега на поголемиот дел од Пиринејскиот полуостров. На Шпанија и припаѓаат Балеарските острови во Средоземното море, Канарските острови во Атлантскиот океан и две мали енклави во Мароко. Шпанија се состои од 17 автономни покраини. Зафаќа површина од 506.030 км2 и има вкупно 43 милиони жители. Главен град е Мадрид кој има 3.6 милиони жители. Други поголеми градови се Барселона, Валенсија, Билбао.. Службен јазик е шпански.
Општ тел. за итни ситуации 112 Полиција 092 Цивилна гарда 062 Амбуланта 061 Пожарна 080 RACE (инфо центар) 902 40 45 45 RACE (алармен центар) +34 91 594 93 47
За влез во Шпанија не е потребна виза. Потребни се: Зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.
Во населени места – сите возила 50 км на час Надвор од населени места -Автомобили, моторцикли – Автопат 120 км на час; – Останати патишта 90-100 км на час; Минимална дозволена брзина на автопат е 60 км на час.
За време на возење во Шпанија е забранета употребата на мобилен телефон. Hands – free дозволено, но само целосен – без слушалки или штипки.
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 200 евра) Детски седишта: Деца под 12 години и пониски од 1,35м мораат да седат во детски седишта. Средно светло дење: не (само за моторцикли) Прва помош сет: не ПП апарат: не Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не е задолжителен, освен во случај кога возачот излегува од возилото на патишта надвор од населени места. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Период: ноември – март. Синџири за снег можат да се користат. Максималната брзина е 50 km / h.
Србија се наоѓа во Југоисточна Европа во централниот дел на Балканскиот полуостров. Се граничи со Унгарија на север, со Романија и Бугарија на исток, со Македонија, Косово и Црна Гора на југ и на запад со БиХ и Хрватска. Зафаќа површина од 88.361 км2 и има вкупно 7.498.001 жители. Главен град е Белград кој има околу 2 милиони жители. Други поголеми градови се Ниш, Нови Сад. Службен јазик е српски.
Полиција – 192,
Амбуланта – 194,
Пожарна – 193,
АМСС (помош-информации) 00 381 11 1987 / 00 381 11 333 1200 (во Србија само 1987)
За влез во Србија од 26.02.2012 со Спогодба се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Србија користете пасош.
Потребни се : Зелен картон и дозвола за управување на туѓо возило, во случај возилото да не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.
Во населени места – сите возила 50 км на час
– Автомобили, моторцикли
– Автопат 120 км на час;
– Останати патишта 80 – 100 км на час;
-Автомобили со приколка
– На сите патишта 80 км на час;
Употреба на мобилен телефон: забрането (казна 50 евра) hands-free дозволено,
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, 0% за професионални возачи, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.
Детски седишта: задолжително за деца до 3 години, деца од 3 до 12 години не смеат да се возат на предно седиште
Средно светло дење: задолжително
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: задолжително, мора да се облече кога се излегува од возилото на јавен пат
Зимска опрема: од1 ноември до 1 април, зимски гуми на сите 4 тркала – кога има снег или мраз на коловоз, синџири мора да се има во возилото надвор од град во определениот период, а се користат за погонските тркала само таму каде што се поставени сообраќајни знаци.
Словенија се наоѓа на преминот меѓу централна и југоисточна Европа и се граничи со Италија на запад, Австрија на север, Унгарија на северо-исток и Хрватска на југ.Зафаќа површина од 20.273 км 2 и има вкупно 1.964.036 милиони жители. Главен град е Љубљана со 280.000 жители. Други поголеми градови се: Марибор, Цеље. Службен јазик е словенечки.
Полиција 113 / 112
Пожарна 112
АМЗС (инфо центар) +386 1 530 53 00
АМЗС (аларм центар) +386 1 530 53 53
Потребни документи се: Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување на туѓо возила ако возилото не е во лична сопственост.
Надвор од населени места:
Автомобили, моторцикли,возила до 3,5 тони – Автопат 130 км на час; – Останати патишта 90-110 км на час; –
Автомобили со приколка до 7,5 тони – Автопат 80 км на час; – Останати патишта 80 км на час;
Минимум дозволена брзина на автопат и на брзи патишта е 60 км на час.
За време на возење во Словенија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE, казна 120 евра.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05% (казна 600-1200 евра); за професионални возачи, нови возачи (до 2 години искуство) и лица до 21 година – 0%.
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 120 евра)
Детски седишта: Сите деца пониски од 150 см мора да се возат во безбедносни седишта соодветни за нивната возраст.Казна 200 евра.
Средно светло дење: задолжително (казна 40 евра).
Прва помош сет: задолжително за возила регистрирани во Словенија , за други се препорачува
Рефлектирачки елек: задолжително за автопат, за сите особи кои ќе имаат потреба да излезат од возилото (казна 40 еур)
Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала ИЛИ летни со синџири. Период:15 ноември – 15март. Кога се користат синџири, возила не смеат да возад над 50 km / h. Минималната длабочина за двата типа на гуми е 3 мм.
Словачка се наоѓа во Централна Европа помеѓу Чешка, Австрија, Полска, Унгарија и Украина. Зафаќа површина од 49.036 км2 и има вкупно 5.300.000 жители. Главен град е Братислава кој има 452.000 жители. Други поголеми градови се Кошице, Трнава… Службен јазик е словачки.
Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 SATC (инфо центар) +421 2 682 492 11 SATC (аларм центар) 18124 (од Словачка) или +421 2 682 492 11
За влез во Словачка не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – Сите возила 50 км на час Надвор од населени места Патнички возила до 3,5 тони – Автопат 130 км на час – Останати патишта 90 км на час
За време на возење во Словачка не е дозволена употребата на мобилен телефон. Дозволена е употреба на HANDS FREE. Казна 20-60 ЕУР.
Дозволено ниво на алкохол : 0%
Ремени: задолжителни за сите седишта (казна 20-60 евра) Детски седишта: да – за деца полесни од 36 кг. Деца под 12 години и пониски од 1,50м не смеат да патуваат на предно седиште. Средно светло дење: задолжително за сите возила Прва помош сет: задолжително ПП апарат: не Триаголник: задолжителен Рефлектирачки елек: задолжително за сите возила со 2 и 4 тркала на сите патишта надвор од населени места и дење и ноќе. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Период: ноември – март. Зимски гуми (М + С /- 3мм) се задолжителни за патнички возила (до 3.5t) кога има набиен снег или мраз на патот. Синџирите за снег може да се користат само кога има доволно снег за да се заштити површината на патот.
Романија се наоѓа во Југоисточна Европа и се граничи на северо-запад со Унгарија, на север со Украина, на северо-исток со Молдавија, на југ со Бугарија и на југо-запад со Србија и Црна Гора. Романија излегува на Црно море и нејзиниот морски брег е долг 245 км. Зафаќа површина од 238.391 км2 и има вкупно 22.303.552 жители. Главен град е Букурешт кој има 2.3 милиони жители. Други поголеми градови се Темишвар, Клуж, Плоешти, Констанца. Службен јазик е романски.
Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 АЦР (туринг инфо) +40 21 211 04 10 или 211 43 66 АЦР (аларм центар) +40 21 222 2222 со мобилен: 0745 382 715 0722 382 715
За патување во Романија не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – сите возила 50 км на час Надвор од населени места -Автомобили – Автопат 130 км на час – Останати патишта 90-100 км на час
За време на возење во Романија е забранета употребата на мобилен телефон (казна 65-80 евра), hands-free дозволено.
Ремени: задолжителни за сите седишта (казна 30-50 евра) Детски седишта: да. Деца до 3 години мораат да бидат во соодветно седиште, а деца под 12 години и пониски од 150 см треба да користат соодветни безбедносни ремени или седишта. Средно светло дење: задолжително за сите возила надвор од населени места. Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: задолжително Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Синџири за снег се препорачуваат за зимски патувања во планините.
Чешка се наоѓа во Централна Европа и се граничи со Словачка, Австрија, Германија и Полска. Зафаќа површина од 78,864 км2 и има околу 10,410,000 милиони жители. Главен град е Прага која е позната и како `Златна Прага` и брои околу 1.200.000 жители. Службен јазик е чешки.
Полиција 158 (или 112)
Амбуланта 155 (или 112)
Пожарна 150 (или 112)
УАМК (инфо центар) +420 1230
УАМК (аларм центар) +420 1230
Потребни документи се: Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Надвор од населени места –
Автомобили, моторцикли и камиони до 3.5 тони – Автопат 130 км на час – Останати патишта 90 км на час –
Автомобили со приколка, камиони над 3.5 тони – Автопат 80 км на час – Останати патишта 80 км на час –
На автопатишта дозволено е да сообраќаат возила кои можат да се движат побрзо од 80 км на час.
За време на возење забранета е употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 60-100 ЕУР.
Не е дозволено никакво количество на алкохол во крвта (0%).
Ремени: задолжителни сите вградени
Детски седишта: за деца пониски од 1,50м задолжителни детски седишта и на задни и на предни седишта
Средно светло дење: задолжителнот за сите возила (казна 70 еур)
ПП апарат: не е задолжителен за приватни патнички возила.
Триаголник: задолжително.
Рефлектирачки елек: задолжително во кабините на сите возила.
Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала. Период: 1 ноември – 31 март. Зимски гуми 4 мм. Синџири за снег можат да се користат само кога има доволно снег за да се заштити површината на патот.
Полска се наоѓа во Централна Европа и се граничи со Украина, Литванија и Белорусија на исток, Чешка и Словачка на југ, Германија на запад и на север со Балтичкото море и Русија. Има над 9000 езера кои воглавно се наоѓаат во северниот дел од Полска. Зафаќа површина од 312,685 км2 и има вкупно околу 38,1 милиони жители. Главен град е Варшава и има 1,7 милиони жители. Други поголеми градови се Краков, Катовице, Познан и други. Службен јазик е полски.
Полиција 997/ 112 Амбуланта 999/ 112 Пожарна 998/ 112 ПЗМ (инфо центар) +48 22 849 6904, 849 8449 ПЗМ (аларм центар) +48 22 532 84 33 (AIT/FIA членови)
За влез во Полска не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места сите возила 50 км на час (од 05:00 – 23:00 часот) 60 км на час (од 23:00 – 05:00 часот) Надвор од населени места -Автомобили, моторцикли и камиони до 3.5 тони – Автопат 140 км на час; – пат со 2х2 ленти 120 км на час; – пат со 2х1 ленти 100 км на час; – пат со 1х1 лента 100 км на час; – останати патишта 90 км на час; Минимална дозволена брзина на автопат е 40 км на час.
За време на возење во Полска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 200 ПЛН или 50 евра.
Дозволено количество на aлкохол во крвта е 0.02%.
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 100 ПЛН) Детски седишта: за деца под 12 години и висина под 1,50 м, задолжителни соодветни седишта или ремени Средно светло дење: задолжително Прва помош сет: се препорачува ПП апарат: задолжитено само за возила регистрирани во Полска Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: секое лице кое се движи по страна на патот надвор од населено место во текот на ноќта или кога видливоста е намалена, мора да носи рефлектирачка јакна. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. М + S гуми се препорачуват.Синџирите за снег можат да се користат само на патиштата покриени со снег.
Германија по своето државно уредување е Федерација составена од 16 републики. Германија има површина од 357,021 км2 со вкупно население од 82 милиони жители. Главен град е Берлин со вкупна популација од 3.5 милиони. Тој е познат како главен град на поранешна Прусија, а во моментов претставува главна врска помеѓу културите од Источна и Западна Европа. Официјален јазик е германски.
Полиција 110/112 Амбуланта 112 Пожарна 112 АДАЦ (инфо центар) 1805 10 11 12 АДАЦ (аларм центар) 01802 22 22 22 или 22 22 22 (од мобилен со додаден број за подрачјето)
За влез во Германија за наши државјани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола, како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места има општо ограничување на брзината за сите видови на моторни возила од 50 км на час. За возила до 3,5т. ограничување на брзина на магистрални патишта е 130 км на час (се препорачува), а на останати патишта е 100 км на час.
За време на возење во Германија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 40 ЕУР. Од 1-ви јануари 2008 год. со цел да се намали емисија на издувни гасови, во повеќе градови воведена е ресртикција за движење на одредени типови возила.Движењето низ овие зони е дозволено само со истакнати налепници во боја “Plakette” (зелена, жолта или црвена). Тие се издаваат во центрите за технички прегледи и во некои овластени сервиси. Возачите треба да поднесат сообраќајна дозвола според која им се одредува налепница и се плаќа од 5 до 10 евра. За мапи и подетални информации видете : http://www.adac.de/umweltzonen www.umweltbundesamt.de/umweltzonen Казна за не поседување на налепница е 40 евра.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.
Ремени: задолжителни за сите седишта (казна 30 евра)
Детски седишта: задолжително за сите деца до 12 години, од 3 до 12 години и пониски од 1,50м. задолжително на задно седиште.
Средно светло дење: задолжително за моторцикли и мопеди. За другите видови на возила само при намалена видливост и лоши временски услови.
Рефлектирачки елек: Од 1 јули 2014 година, задолжително е да се има рефлектирачки елек во приватен автомобил регистрирани во Германија или во странство, како и во возила кои се користат професионално и во комерцијални возила. Камперски комбиња и возила со 2 тркала ослободени се од оваа обврска. Елекот може да биде со жолта, портокалова или црвена боја и мора да е во согласност со европскиот стандард EN 471.
Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала. Период нема определено. Зимските гуми треба да носат М + S знак или снегулка. Употребата на синџири за снег е дозволена, максимална брзина е од 50 km / h. Во планинските области, во зимски временски услови, обврската за синџири е обележана со знаци.
Норвешка е конституционална монархија со Парламент и Премиер и има 4.627.926 жители. Повеќе од половината на Норвешка се наоѓа во Артичкиот круг и дури и најјужните делови се во висина на Гренланд. Осло е главен град на Норвешка со 500.000 жители и негов комерцијален и културен центар. Национална валута е Норвешката Круна – НОК. Службен јазик е норвешкиот.
Полиција 112 Амбуланта 113 Пожарна 110 НАФ (аларм центар) 08 505
За влез во Норвешка на нашите граѓани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – сите возила 50 км/ч Надвор од населени места: – Возила до 3.500 кг. : – Автопат 90-100 км/ч; – Останати патишта 80 км/ч – Автомобил со приколка – со уред за сопирање 80 км/ч – без уред за сопирање и потешки од 300 кг 60 км/ч – Автобуси 80 км/ч
За време на возење во Норвешка е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 1300 НОК.
Дозволено количество на алкохол во крвта за моторни возила е 0.02%.
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта:деца пониски од 135 см мораат да користат соодветни детски седишта Средно светло дење : задолжително Прва помош сет: се препорачува ПП апарат : се препорачува Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: задолжително за возила регистрирани во Норвешка. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО.Период: 15 октомври – април. Зимски гуми не се задолжителни, но, кога се користат, тие мора да бидат поставени на сите тркала, минималната длабочина е 3 мм. Возила со летни гуми мора да користат синџири за снег ако има снег или мраз на патот.
Република Македонија e сместена на Балканскиот Полуостров. Географски земјата граничи со Србија и Косово на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.
Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 граѓани (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кичево, Кавадарци и Кочани. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проц. 2009).
Локално време
Стандардно време: GMT + 1
Летно време: GMT + 2 (крајот на март до крајот на октомври)
Клима и температури
Климата е континентална медитеранска, со долги, суви и топли лета и кратки, но ладни зими.
Телефонски систем
Меѓународен код за избор: 00
Код на држава: 389
Броеви за итни случаи:
Пожарникарска бригада 193
Полиција 192
Прва помош 194
Помош на пат (од Македонија) 196
Состојба на патишта (од Македонија) (02) 155 55
Помош на пат и информации ( од странство) +389 2 3181 197
Сите странски граѓани, независно дали за нивниот влез во Република Македонија е потребна виза или не, имаат обврска да се регистрираат во најблиската полициска станица во рок од 24 часа од влез на македонска територија.
ПРИ ВЛЕЗ ВО Р. МАКЕДОНИЈА ВО МОТОРНИ И ПРИКЛУЧНИ ВОЗИЛА
1. Сите лица кои влегуваат на територијата на Р.Македонија со моторни и приклучни возила со странска регистрација задолжително треба да имаат:
– важечка зелена карта за територијата на Р.Македонија (ознаката„МК„ да не е прецртана), освен за грчките возила.
– друг признат доказ за постоење на осигурување од А/О (склучени посебни спогодби меѓу Националото биро за осигурување на Р. Македонија и други национални бироа) и тоа :
-регистарската ознака на возилата од,Словенија и Унгарија се смета како доказ за постоење валидно осигурување
-зелените карти на возилата кои имаат грчки регистарски ознаки, важат во Р.Македонија иако во нив нема ознака „МК„
– важат полисите за осигурување од Косово кои носат назив ТПЛ „Косово плус.
Во сите поединечни случаи,кога ќе се утврди невалидност на странска зелена карта односно полиса или регистарските броеви, мора да се купи полиса за гранично осигурување која странец може да ја купи во едно од осигурителните друштва кои продаваат осигурувања на граничните премини.
На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел.
На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
– 130 km/h на автопат;
– 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
– 90 km/h на други патишта.
На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.
Моторно возило кое на пат влече друго неисправно моторно возило, не смее да се движи со брзина поголема од 40 km/h.
Возачот на велосипед со помошен мотор, мопед не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h.
На автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 km/h.
млади (под 18) и возач-почетник:
? 60 km / ч за обични патишта ? 80 km / ч на експесни ? 100 км / ч на автопат
Возачот на моторно возило, за време на управувањето со возилото не смее да користи мобилен телефон, ниту други уреди, на начин кој би ја намалил можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило.
Мобилен телефон и други уреди можат да се користат за време на управување со моторно возило, ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце.
Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол.
Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа на крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0.50 g/kg или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми од 0.50 g/kg или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со стручен преглед ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност.
Не смее да управува со возило, односно да започне управување со возило, ако во организмот има алкохол повеќе од 0,09 g/kg или ако покажува знаци на алкохолна растроеност:
– возач-почетник,
– возачот на моторно возило од категориите: ,,БЕ“, „Ц1“, „Ц1Е“, „Ц“, ,,ЦЕ“, ,,Д1“, ,,Д1Е“, „Д“ и ,,ДЕ“ – додека управува со возило од таа категорија,
– возачот на возило со кое се врши јавен превоз – додека со тоа возило врши јавен превоз,
– возачот на возило на кого управувањето со возило му е основно занимање – додека управува со возилото вршејќи ги работите од ова занимање,
– возачот инструктор и кандидатот за возач – за време на оспособување во практичното управување со возило и
– претседателот и членовите на испитната комисија – додека спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.
Задолжителна опрема за патнички возилото во сообраќајот на патиштата е:
1) резервно тркало;
2) знак за означување запрено возило на коловоз – сигурносен триаголник;
3) опрема за укажување прва помош (кутија за прва помош);
4) јаже, сајла или телескопски лост за влек;
5) зимска опрема;
6) сигурносен-рефлектирачки елек;
7) сигурносни појаси и наслони за глава;
Противпожарен апарат за гасење пожар
Патнички моторни возила опремени за користење на алтернативни горива (течен нафтен гас (ТНГ), копримиран нафтен гас (ЦНГ), возила за јавен превоз, автобуси, како и товарни моторни и приклучни возила треба да имаат противпожарен апарат за гасење на пожар поставен на видно место или на место лесно за дофат, при што во случај на опасност може да се употреби.
Треба да имаат еден противпожарен апарат од минимум два килограма наполнет со прашок АБЦ.
Резервни сијалици и осигурачи
Во моторните возила, освен во мопед, лесен трицикл, лесен четирицикл, трицикл, четирицикл, мотоцикл, трактор, автобуси за градски и приградски сообраќај, може да има на видно место, резервни сијалици и осигурувачи најмалку за половина од сијаличните места на удвоените уреди за осветлување на патот и за давање светлосни знаци и по една сијалица за неудвоените сијалични места за кои е можна замена, само на сијалиците.
Во моторните возила кои се опремени со нови светлосни тела без жарната нитка (ксенон, неон, лед светла и сл.), не треба да има резервни сијалици за тие расветни тела.
Зимска опрема
(1) Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Превоз на деца со возило
Во патнички автомобил, на предното седиште не смее да се превезува дете помало од 12 години, ниту лице кое очигледно е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции.
Во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.
Во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.
Унгарија е континентална земја и не излегува на море. Дунав поминува низ Унгарија со 420 км и може да се плови по целата должина на реката. Главен град е Будимпешта кој е поделен од Дунав на два дела, Пешта на левата страна и Будим на десната страна од реката. Унгарија има површина од 93,000 км2 и население од 15 милиони жители.
Полиција 107/112 Амбуланта 104/112 Пожарна 105/112 МАК (помош на пат) 188 или +36 1 345 1755
За влез во Унгарија на нашите државјани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места има општо ограничување на брзината за сите видови на моторни возила од 50 км на час. За моторцикли и автомобили без приколка ограничување на брзина на автопат е 130 км на час, а на останати патишта е 90-110 км на час.
забрането (казна 15.000 до 30.000 ХУФ), hands-free дозволено.
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 30.000 ХУФ) Детски седишта: задолжително за деца до 3 години. Пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште. Повисоки од 1,35м на задно седиште можат да користат ремени за возрасни. Средно светло дење: задолжително надвор од населени места. Прва помош сет: задолжително. ПП апарат: не. Триаголник: задолжително. Рефлектирачки елек: задолжителен за сите кои се движат пеш по јавен пат надвор од населено место, ноќе или по лоша видливост, како и сите лица кои во случај на дефект го напуштаат возилото. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Синџирите за снег можат да се користат за со снег покриени патишта. Употребата може да се прогласи за задолжително на некои патишта, кога временските услови тоа го бараат. Максималната брзина за возилата со синџири е 50 km / h.
Големото Војводство на Луксембург има површина од 2.586 км2 и има 441.300 жители. Една третина од територијата е шума. Луксембуршкиот дијалект е официјалниот јазик, но францускиот и германскиот јазик вообичаено се користат во администрацијата и за комерцијални цели.
Полиција – 113 или 112; Брза Помош – 112; Противпожарна бригада – 112; (“Service Routier”) АЦЛ алармен центар +352 26 000 Туринг информации – 00352-450045-1
За влез во Луксембург на нашите граѓани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е во лична сопственост.
Во населени места: – сите возила 50 км на час На автопатишта – возила со приколки 90км на час – автобуси и камиони 90 км на час – останати возила 110-130 км на час Останати патишта – возила со приколки 75 км на час – автобуси и камиони 75 км на час – останати возила 90 км на час
За време на возење во Луксембург е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 74 ЕУР.
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта: до 3 години детски седишта, над 3 до 17(ако се пониски од 1.50м) соодветен безбедносен уред Средно светло дење : задолжително за моторцикли и се препорачува за останати Прва помош сет: не ПП апарат : не Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: задолжително за надвор од населено место и автопат, Зимска опрема: Зимски гуми. Период: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Mоторни возила треба да имаат М + S гуми при возење во зимски услови (мраз, натрупан снег, лапавица, мраз на патот, итн.) Синџирите на снег можат да се користат во секое време во случај на снег или мраз.
Литванија се наоѓа во Северниот дел на Европа помеѓу Латвија, Белорусија, Полска, Калининградската област и Балтичкото море. Зафаќа површина од 65.200 км2 и има вкупно 3.7 милиони жители. Главен град е Вилнус. Други поголеми градови се Каунас, Клаипеда. Службен јазик е литванскиот.
Полиција – 02 или 112; Брза Помош – 03 или 112; Противпожарна бригада – 01 или 112; ЛАС (аларм центар) 88 00 00 000 или +370 5 210 4422/ 1888 за мобилен
За влез во Литванија не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места 50 км на час Надвор од населени места – Возила до 3.5 тони автопат 130 км на час (преку лето) 110 км на час (преку зима) на останати патишта 110-70 км на час
За време на возење во Литванија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 29 -87 ЕУР.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,04%, за нови возачи (до 2 год.) 0,02%
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта: детски седишта до 3 год., деца од 3 до 12 години не смеат на предни седишта , освен ако поседуваат соодветно детско седиште. Средно светло дење : задолжително Прва помош сет: задолжително ПП апарат : задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: задолжително Зимска опрема:Зимски гуми. Период:10 ноември – 1 април. Гуми со клинци се дозволени од 1 ноември до 9 април.
Летонија(Латвија ) е сместена на Балтичкиот брег и се граничи со Естонија на север, Литванија на југ, Русија на исток и со Белорусија на југо-исток. Во Латвија има околу 12.000 реки. Зафаќа површина од 64.600 км2 и има вкупно 2.5 милиони жители. Главен град е Рига со околу 796.732 илјади жители. Други поголеми градови се Сигулда, Јурмала, Цесис и др. Службен јазик е летонски.
Полиција 110 или 112 Амбуланта 113 или 112 Пожарна 112 ЛАМБ (аларм центар) 1888
За влез во Летонија не е потребна виза, за биометриски пасоши. Потребни се :Зелен картон, меѓународна возачка дозвола како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места 50 км на час Надвор од населени места Возила до 7,5 тони 100- 110 км на час (на автопат) 90 км на час (на останати патишта)
За време на возење во Латвија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 15 евра.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0.05%. За возачи почетници (помалку од 2 години), лимитот е 0.02 %.
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта: задолшително за сите деца под 1,50м висина Средно светло дење : задолжително Прва помош сет: задолжително ПП апарат : задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: да, ноќе или при намалена видливост Зимска опрема: Зимски гуми. Период: 1 декември – 1 март.
Италија се наоѓа на Апенинскиот Полуостров, а Алпите ја делат од Франција, Швајцарија, Австрија и Словенија. Се протега на површина од 301.230 км и има околу 58 милиони жители. Составен дел на Италија се и два острови -Сицилија и Сардинија. Италија е поделена на 21 регион, а секој регион на неколку провинции. Главен град е Рим со 3 милиони жители.Службен јазик е италијански.
Полиција 113/112
Амбуланта 118/112
Пожарна 115/112
АЦИ (инфо центар): +39 06 491716
АЦИ (алармен центар): 803 116
Потребни документи се: Зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.
Во населени места има ограничување на брзината за автомобили и мотоцикли од 50-70 км/ч.
На автопат ограничувањето за автомобили и мотоцикли е 130 км/ч.
На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км/ч.
За време на возење во Италија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна од казна од 160 до 641 евра.
Ремени: задолжителни за сите седишта
Детски седишта: деца до 9 кг. мораат да седат во детски седишта свртени кон назад. Деца полесни од 36 кг. и пониски од 150 см. мораат да користат специјални системи (ремени, седишта) соодветни за нивната големина.
Средно светло дење: задолжително и дење и ноќе – на отворен пат
Прва помош сет: не
Рефлектирачки елек: за сите лица кои излегуваат од возилото на пат надвор од населено место, ноќе или при слаба видливост
Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО зимски гуми ИЛИ синџири. Период: 1 ноември – 15 април. Во областа на Val d’Aosta, возила мораат да бидат опремени со зимски гуми или мора да се поседуваат синџири за снег во возилата, од 15 октомври до 15 април.Зимски гуми на сите 4 тркала.Возила опремени со синџири не смеат да возат над 50 km / h.
Хрватска има површина од 56,540 км2 и население од 4.4 милиони жители. Таа е поделена на 20 области. Поголемиот дел од вкупната површина излегува на Јадранското Море. Карактеристично за Хрватска е дека има голем број острови долж Јадранскиот брег, меѓу кои поголеми се Крк, Хвар, Корчула, Брач и други. Главен град е Загреб кој има околу 770,000 жители. Официјален јазик е хрватскиот.
Полиција 92 или 112 Амбуланта 94 или 112 Пожарна 93 или 112 ХАК (инфо центар) +385 1 464 0800 (потоа бирајте 0) од Хрватска 062 777 777 ХАК (помош на пат) 1987 или (од мобилен +385 1 1987)
За влез во Хрватска на наши државјани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Сите посетители мораат да имаат документи и билети за крајната дестинација или повратен билет и доволно финансиски средства, како што следува: – минимум 100 евра на ден – минимум 50 евра дневно (ако има званична покана или туристички ваучер) суми над 10.000 евра мораат да се пријават
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и моторцикл од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и моторцикл е 130 км на час. На останати патишта ограниченоста е од 90-110 км на час.
За време на возење во Хрватска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 500 куни.
Холандија се наоѓа во Западниот дел на Европа помеѓу Германија, Белгија и Северното море. Зафаќа површина од 33,939 км2 и има вкупно 15,517,000 жители. Земјата се состои од 12 провинции. Главен град е Амстердам, но седиштето на владата е во Хаг. Други поголеми градови се Ротердам, Гронинген, Бреда. Службен јазик е холандски. Поголемиот дел од населението активно говори англиски и германски.
Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 ANWB (инфо центар) +31 70 314 20 ANWB (алармен центар) +31 70 314 7714 /или/ “Wegenwacht” (road patrol) тел. 088 2692 888
За влез во Холандија не е потребна виза . Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – моторцикли, патнички возила 50 км на час Надвор од населени места – моторцикли, патнички возила 100- 130км/ч (на автопат) 80 км на час (на останатите патишта)
За време на возење во Холандија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна230 ЕУР.
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 140 евра) Детски седишта: задолжително до 3 години, а до 18 години со висина под 1.35м мораат да имаат соодветно седиште или ремен. Средно светло дење: не е задолжително. Прва помош сет: не е задолжителен. ПП апарат: не е задолжителен. Триаголник: не, но во одредени ситуации задолжителна е употреба. Рефлектирачки елек: не е задолжителен. Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Гуми M + S се препорачуваат со минимална длабочина на шарка од 4мм.
Грција се наоѓа на југот од Балканскиот Полуостров. Има површина од 238,537 км2 (континентална Грција заедно со островите) и население од 10,5 милиони жители. Археолошките наоѓалишта и историските споменици се најпривлечни за странските туристи. Островите зафаќаат 1/5 од вкупната површина и мнозинството се лоцирани во Егејското Море, а само мал дел се во Јонското Море. Официјален јазик е грчки. Главен град е Атина со околу 4 милиони жители.
Полиција 100/112
Амбуланта 166 во Атина/ 112
Пожарна 199/112
Специјален број на туристичка полиција 171
Потребни документи се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час.
На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. ,
На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час.
За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.
За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Казна до 100 ЕУР.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%. За нови возачи (дозвола до 2 години), моторцилкисти и возачи на комерцијални возила 0,02%. (казна од 78 до 1.200 евра)
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра)
Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години со стандард ECE R44/03 (или понов). Деца од 3 до 11 години а пониски од 135 cm на задно седиште во соодветно детско седиште. Деца постари од 12 години и повисоки од 135 cm можат да користат ремени за возрасни.
Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди.
Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме.
Зимска опрема: Нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 km / h.
Франција или уште попозната како “Градина” се наоѓа во западна Европа, и претставува вистинска туристичка атракција.излегува на Северното море, Англискиот канал Атланскиот океан како и на Медитеранот. Површина има околу 543,965 км2 и население од околу 58 милиони жители. Главен град е Париз со 2,2 милиони жители. Град преполн со шарм кој изобилува со голем број на музеи и историски места. Поголеми градови се Стразбург, Лион и други. Службен јазик е францускиот.
Полиција 17 или 112 Амбуланта 15 или 112 Пожарна 18 или 112 АЦАФА (помош на пат) 0 820 205 134
За влез во Франција на нашите државјани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и моторцикл од 50-70 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и моторцикл е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час.
За време на возење во Франција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 135 ЕУР.
Дозволено количество на Алкохол во крвта е 0.05%.
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 135 евра). Детски седишта: задолжително, за деца до 10 години е забрането да седат на предно седиште, освен во детско седиште Средно светло дење: задолжително за моторцикли, за останати се препорачува Прва помош сет: не е задолжителен за патнички возила. ПП апарат:не е задолжителен. Триаголник: задолжителни, како и користење на сите четири трепкача Рефлектирачки елек: задолжително за сите возила со 4 тркала, мора да се облече пред да се излезе од возилото (казна 90-135 евра Зимска опрема :Задолжителни зимски гуми. Период: нема определено. Гуми M + S се препорачуваат на патиштата покриени со мраз или снег. Мин. 3,5 мм.Со синџири за снег мора да бидат опремени возила кои се движат по патишта покриени со снег во согласност со релевантните сообраќајни знаци. Возилата со синџири не смеат да возат побрзо од 50 km / h.
Естонија е најсеверна Балтичка Република која се граничи на север и запад со Балтичкото море, на исток со Русија и на југ со Летонија. Изобилува со голем број езера и помали острови. Најголем остров е Сарема. Естонија се протега на површина од 45.200 км2 и има вкупно 1.5 милион жители. Главен град е Талин. Службен јазик е естонскиот.
Полиција – 110 или 112; Брза Помош – 112; Противпожарна бригада – 112; ACE (алармен центар) + 372 6979 188 или 1888 од мобилен
За влез во Естонија не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – за сите возила 50 км на час Надвор од населени места – Возила до 3.5 тони 110 км на час (на автопат) 90 км на час (на останати патишта) – Возила над 3.5 тони 70 км на час
За време на возење во Естонија е забранета употребата на мобилен телефон(казна 200-400 евра). Дозволена е употребата на HANDS FREE.
Дозволено ниво на алкохол: 0,02%
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта: деца помали од 12 години мораат да користат детски седишта Средно светло дење : задолжително за сите возила Прва помош сет: задолжително ПП апарат : задолжително Триаголник: задолжително е да се носи 1 триаголник. Рефлектирачки елек: Задолжително е да се облече рефлектирачки елек во случај на дефект во текот на ноќта во не-урбаната зона – секое лице кое излегува од возилото мора да носи елек. Забелешка – не е услов да се поседува рефлектирачки елек во возилото; сепак, задолжително е да се користи во околностите опишани погоре. Зимска опрема: Зимски гуми. Период: 1 декември-1 март.Гуми со клинци се дозволени од 1 октомври до 1 мај.
Данска е најјужна и најмала од Скандинавските земји. Се состои од полуостровот Јиланд и 406 острови од кои само 93 се населени. Таа е опколена од сите страни со вода освен во јужниот дел каде има 68 км граница со Германија. Зафаќа површина од 43,094 км2 и има околу 5,3 милиони жители. Главен град е Копенхаген со 1,7 милиони жители. Службен јазик е данскиот.
Полиција – 112; Брза Помош – 112; Противпожарна бригада – 112; FDM/Dansk Autohjaelp Road Assistance (помош на пат) тел:70 27 91 12
За влез во Данска zа нашите граѓани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места – сите возила 50 км на час (во центар на Копенхаген 40 км на час) Надвор од населени места: Автомобили, моторцикли – Автопат 110 км на час – Останати патишта 80 км на час Автомобили со приколка – Автопат 80 км на час – Останати патишта 70 км на час
За време на возење во Данска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 67 ЕУР.
Ремени : задолжително сите вградени Детски седишта:Деца под 3 години мора да бидат во детско седиште соодветено на нивната големина. Деца над 3 и пониски од1,35 метри мора да бидат во седиште соодветно за нивната големина и тежина. Ако детето се наоѓа на предното седиште, во детско седиште свртено кон назад, воздушното перниче мора да се деактивира.Во возила постари од 1989 година забрането е да се возат деца под 3 години. Средно светло дење : задолжително Прва помош сет: се препорачува ПП апарат : се препорачува Триаголник:задолжително Рефлектирачки елек: не, се препорачува Зимска опрема: Зимски гуми на сите 4 тркала.Период: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО.Синџири за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз.
Црна Гора се наоѓа во Југоисточна Европа помеѓу Хрватска, Србија, Косово, Албанија, БиХ и Јадранското море. Својата независност ја прогласи на 3 Јуни 2006 год. напуштајќи ја Унијата со Србија. Зафаќа површина од 13.812 км2 и има вкупно 650.000 жители. Главен град е Подгорица. Други поголеми градови се: Цетиње, Никшиќ, Херцег Нови, Бар. Службен јазик е српски.
Полиција 122/112
Амбуланта 124/112
Противпожарна бригада 123/112
АМСЦГ (инфо центар) +382 20 234 635
АМСЦГ (аларм центар) +382 20 19807 / 20 234 999, или 19807
За влез во Црна Гора не е потребна виза. Со споогодба е овозможено преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја( нпр. Хрватска), при влез во Црна Гора користете биометриски пасош. Потребен е зелен картон и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна. Еколошка такса повеќе не се наплаќа.
Во населени места- – сите возила – 50 км на час Надвор од населени места- -Автомобили, моторцикли – -Брзи патишта – 100 км на час; – останати патишта 80 км на час -Автомобили со приколка, – -На сите патишта – 80 км на час;
За време на возење во Црна Гора е забранета употребата на мобилен телефон, казна 60-150 евра. Дозволена е употребата на HANDS FREE.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,03%, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.
Детски седишта: не, деца под 12 години не смеат да се возат на предни седишта
Средно светло дење : да, за сите возила
Рефлектирачки елек: задолжителен
Зимска опрема: Мин. 2 зимски гуми ИЛИ летни со синџири. Период: 15 ноември-31март.Товарни возила од 15 ноември до 31 март како дел од зимска опрема треба да носат и лопата.
Бугарија е ситуирана во Југоисточна Европа на Балкансиот Полуостров. Главен град е Софија со 1,2 милиони жители а втор град по големина е Пловдив со 1,3 милиони жители. Бугарија зафаќа површина од 110,994 км2 и има население од околу 7,7 милиони жители. Се граничи со Романија, Турција, Грција, Србија и Македонија. Бугарија излегува на Црно Море. Службен јазик е бугарскиот.
Полиција 166 или 112
Амбуланта 150 или 112
Пожарна 160 или 112
УАБ (помош на пат) +359 2 91 146 +359 2 980 3308
Наведените телефонски броеви (на полиција, амбуланта и помош на пат), може да се бираат и од поставените СОС телефонски говорници, кои ги има само на автопат и се поставени на секои 2 километри.
Потребни документи се: Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е лична сопственост.
На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. (На означени места и 140 Км/ч).
На останати патишта ограничувањето е 90 км на час.
За моторцикл ограничувањата се: 50 км на час во населени места, 100 км на час на автопат, 80 км на час на останати патишта.
За време на возење во Бугарија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 25 ЕУР.
Ремени: задолжително сите вградени (казна 25 евра)
Детски седишта: задолжителни за деца до 3 години, деца над 3 години и пониски од150 цм можат да бидат на задно седиште без детско седиште.
Средно светло дење: задолжително за сите возила во текот на целата година
ПП апарат: задолжително за сите возила со исклучок на моторциклите.
Рефлектирачки елек: задолжително за сите лица кои го напуштаат возилото дење или ноќе на автопат. Задолжително и за мотоциклисти.
Зимска опрема: Употребата на зимски гуми е задолжителнa за возила регистрирани во Бугарија кога се зимски услови на патот. За возила регистрирани во странство, користење на зимски гуми не е задолжително, но се препорачува. Синџири за снег се дозволени. Нивната употреба може да стане задолжителна во согласност со условите на патот, во кој случај тоа е означено со патен знак. Кога возите со синџири за снег, максимална брзина е 50 km / h.
Босна и Херцеговина (познат како БиХ) е земја во југоисточна Европа, која се наоѓа на западниот дел на Балканскиот Полуостров. Од север, запад и југо-западната граница со Хрватска и на исток со Србија. На југо-исток границата со Црна Гора. Главниот град на земјата е Сараево. Независноста е стекната на 01 Март 1992 година. години по одлуката на граѓаните на БиХ референдум за самоопределување. Според пописот од 2013 година, населението е 3,531,159.
Полиција 122
Амбуланта 124
Пожарна 123
БИХАМК (помош и информации) + 387 33 282 100 или + 387 33 1282
За влез во БиХ не е потребна виза.
Потребни се зелен картон и дозвола за управување на туѓо возило, во случај возилото да не е лична сопственост.
Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.
Во населени места има ограничување на брзината од 50 км/ч.
На патишта надвор од населени места максимална дозволена брзина е 80 км/ч.
На автопат максимална дозволена брзина е 100/130 км/ч.
забрането, казна 100 до 300 БАМ
0,03% ; млади возачи и професионални 0,00%, казна 50 – 1000 БАМ
Ремени: задолжителни на предни седишта
Детски седишта: На предното седиште не смее да се превезува дете помладо од 12 години. По исклучок на предното седиште може да се транспортира дете помладо од 2 години, доколку нема воздушно перниче или е исклучено, а детето се наоѓа во седиштето свртено на назад. На задното седиште деца до 5 години мора да бидат ставени во безбедносно седиште а деца на возраст од 5-12 години во посебен подметнувач прилагоден на височината и мора да бидат врзани со сигурносен ремен.
Средно светло дење: да, казна 30 – 50 БАМ
Триаголник: да
Рефлектирачки елек: задолжителен, казна 50 – 250 БАМ
Белгија е една од трите земји кои го сочинуваат Бенелукс и има површина од 30,528 км2 и има околу 10,5 милиони жители. Главен град е Брисел со приближно 1 милион жители. Главни туристички региони се Северниот брег со големите песочни плажи и Ардените на границата со Германија и Луксембург. Службени јазици се холандскиот, францускиот и германскиот.
Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 ТЦБ (алармен центар) – +32 2 288 33 22
За влез во Белгија не е потребна виза . Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и моторцикл од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и моторцикл е 120 км на час. На останати патишта ограничувањето е 90 км на час.
За време на возење во Белгија е забранета употреба на мобилен телефон. Забрането (казна од 100 евра па нагоре), hands-free дозволено
Ремени: задолжително за сите седишта Детски седишта: за деца до 3 години задолжителни, деца пониски од 135см, мора да седат на задни седишта во детско седиште или со ремен Средно светло дење: задолжително само за моторцикли и мопеди Прва помош сет: задолжително во цврста кутија отпорна на прашина ПП апарат: да (за домашни), не – за странски патнички возила Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: Задолжително е возачите да носат рефлектирачки безбедносни јакни, и дење и ноќе, на местото на дефект или несреќата, на патот каде што запирањето или паркирањето е забрането. Секој кој не се однесува според оваа регулатива е подложен на парична казна од 55 евра Зимска опрема:НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО.Гуми со клинци може да се користат помеѓу 1 ноември и 31 март.Синџири за снег можат да се користат кога патишта се покриени со снег или мраз.
Австрија се наоѓа во срцето на Европа и се граничи со Швајцарија, Лихтенштаjн, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и Италија. Зафаќа површина од 83.859 квадратни километри и има околу 8 милиони жители. Главен град е Виена со околу 1,5 милиони жители.
Во населени места има ограничување на брзината од 30-50 км на час.
На автопат максимална дозволена брзина е 130 км на час.
На останати патни правци максималната брзина е 100 км на час.
За време на возење во Австрија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна мин. 50 ЕУР.
Дозволено количество на алкохол во крвта е : 0,049%; за млади возачи 0,01% – казна 300 до 5.900 евра
Ремени: задолжителна употреба на сите вградени.
Детски седишта: задолжителни детски седишта или специјални ремени за деца под 14 години и пониски од 1,5 м.
Средно светло дење: не, само во услови на слаба видливост.
Прва помош сет: задолжително, во цврста кутија заштитена од прашина.
ПП апарат: не.
Триаголник: задолжително за сите возила со повеќе од 2 тркала.
Рефлектирачки елек: еден, за случаи кога се напушта возилото на пат надвор од населено место или автопат.
Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала ИЛИ летни со синџири. Период: 1 ноември до 15 април. Синџири за снег -макс. брзина 50 km / h. Гумите мора да носат ознака M + S или М & S и да имаат минимум шарка од 4 мм.
Албанија е сместена во западниот дел на Балканскиот Полуостров. Една е од најмалите држави во Европа, 350 км од север кон југ и 150 км од исток кон запад. Се граничи со Косово, Црна Гора на север, Македонија на исток и Грција на југ. На запад излегува на Јадранско и Јонско Море. Должината на морскиот брег изнесува 427 км. Поради медитеранската клима претставува потенцијален туристички центар.
Полиција 129
Амбуланта 127
Пожарна 128
АЦА (помош на пат) 139
АЦА (инфо центар) +355 4 2387 017 (раб. вр. 24ч)
+355 66 4001 222
+355 69 4001 222
За влез во Албанија не е потребна виза. Oд 06.04.2012 со Спогодба се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Албанија користете биометриски пасош. Потребни се зелен картон и дозвола за управување на туѓо возило, во случај возилото да не е лична сопственост. Според билатералниот договор за взаемно признавање на националните возачки дозволи – меѓународната возачка дозвола не е потребна.
Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час.
На автопат ограничувањето е 110 км на час.
На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час.
Забрането, казна 1.000 до 4.000 АЛЛ
Возење под влијание на алкохол е најстрого забрането. Дозволено ниво е 0.01 %
Ремени: Употребата на ремени за возила произведени после 1990 год. задолжителни за сите седишта.
Детски седишта: Детски седишта се задолжителни за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште.
Средно светло дење: само при лоша видливост и во тунели.
Прва помош: задолжителна.
ПП апарат: се препорачува.
Зимска опрема: Синџири. Задолжително е да се поседуваат синџири во возилото од 1 ноември до 30 април.
од странство
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.