Во случај на посериозен дефект на пат, кој не може да се отстрани на самото место, сообраќајна незгода или потреба од имобилизација на вашето возило од различни причини, нашиот стручен тим ви е достапен 24/7 за пренос на возило на целата територија на нашата земја.
Со повеќе од 20 камиони за шлепување, распоредени во 9 бази во сите поголеми градови во државата, АМСМ Службата за помош и информации на пат ви овозможува брза интервенција и шлепување, каде и да се наоѓате на територијата на нашата земја.
Согласно овластувањето од Министерство за внатрешни работи, АМСМ Службата за помош и информации на пат е единствена надлежна служба за шлепување во случај на сообраќајна незгода на целата територија на државата.
Во случај на потреба од шлепување, 24/7 достапен ви е нашиот Контакт Центар, кој работи 365 дена во година.
Со АМСМ членските картички услугите шлепување во земјата и во странство, било каде во Европа, се бесплатни.
Закажи шлепување
од странство
од странство
од странство