ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Велика Британија или Обединетото кралство е островска држава која се наоѓа во Северо-западниот дел од Европа. Велика Британија се состои од 4 дела: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Зафаќа површина од 242.521 км2 и има вкупно 58.801.500 жители. Главен град е Лондон кој има околу 10 милиони жители. Други поголеми градови се Манчестер, Ливерпул, Лидс, Њукасл, Глазгов. Службен јазик е англиски.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 112 или 999
Амбуланта 112 или 999
Пожарна 112 или 999
Помош на пат 44800 887766
Информации 0870 5500 600
АА (Roadwatch) 0906 88 34 322 или 84322 од англиски мобилен
АА (аларм центар) 0800 0289 018 (со членска книшка) 0800 88 77 66 (член без книшка)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Велика Британија потребна ни е виза, која се обезбедува во Британската амбасада во Скопје. Амбасада на Велика Британија Салвадор Аљенде 73 1000 Skopje telephone: +389 2 3299 299 fax: +389 2 3179 726 e-mail:britishembassyskopje@fco.gov.uk Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола, како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места – сите возила 48 км на час
Надвор од населени места
Автомобили – Автопат 112 км на час; –
Останати патишта 96 км на час;
Сообраќајот во Велика Британија се одвива по левата страна од патот.
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
забрането (казна до 1000 фунти), hands-free дозволено
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,08%.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжително
Детски седишта: задолжително за деца до 3 години, и за од 3 до 12 години пониски од 135 см.
Средно светло дење : не
Прва помош сет: не, се препорачува
ПП апарат: не
Триаголник: не, се препорачува
Рефлектирачки елек: не
Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО