ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Шведска се наоѓа на Скандинавскиот полуостров во северниот дел на Европа. Се граничи на запад со Норвешка и на исток со Финска.Шведска е административно поделена на 24 области. Зафаќа површина од 449.964 км2 и има вкупно 8.9 милиони жители.Главен град е Стокхолм. Други поголеми градови се Гетеборг,Малме. Службен јазик е шведски.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 112 Амбуланта 112 Пожарна 112 National Swedish Roads Administration Customer Service (информации) 0900 202 1000, – 4.55 СЕК по минута “Assistancekaren” (помош на пат) : 020 912 912 Од мобилен +46 8627 5757

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За влез во Шведска не е потребна виза . Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места – сите возила 30 – 70 км на час Надвор од населени места – сите возила 70 – 100 км на час. На автопат – сите возила 90 и 120 км на час. За време на зимските месеци на некои автопатишта брзината е ограничена на 90 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Употреба на мобилен телефон: не е забрането.

Ракување со мобилен телефон, навигација и аудио систем, или било кој сличен уред додека возите е дозволено само под услов да “не предизвика опасни сообраќајни ситуации или влијае на возењето во негативен начин”. До полицијата е да одлучи, во конкретен случај, дали е дозволена употреба или не. Општа препорака е да го запрете автомобилот пред да користите таква опрема.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0.02%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени : задолжителни (казна 1.500 СЕК/170 евра) Детски седишта: да, пониски од 135см и помлади од 15 години -соодветно детско седиште според возраста Средно светло дење : задолжително Прва помош сет: се препорачува ПП апарат : се препорачува Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не Зимска опрема: Зимски гуми на сите 4 тркала.Период: 1 декември – 31 март. Ако нема зимски услови за возење, летни гуми се дозволени, дури и помеѓу 1 декември и 31 март. Препорака е да се има јаже за влечење, кабли за палење, рефлектирачки елек.

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping