ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Швајцарија се наоѓа во Западниот дел на Европа помеѓу Германија, Франција, Италија, Лихтенштајн и Австрија.Според обликот на државно уредување Швајцарија е конфедерација и се состои од неколку кантони. Зафаќа површина од 41.285 км2 и има вкупно 7.260.000 жители. Главен град е Берн. Други поголеми градови се Женева, Цирих, Лозана… Службени јазици се германски, француски, италијански.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 117

Амбуланта 144/112

Пожарна 118

ТЦС (инфо центар) 163 (се наплаќа) или 0844 888 111

ТЦС (аларм центар) 0800 140 140 или +41 22 417 22 20

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За влез во Швајцарија не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

– Во населени места 50 км на час – На автопат 120 км на час – Останати патишта 80-100 км на час

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Швајцарија е забранета употребата на мобилен телефон. (казна 100 ЦХФ), hands-free дозволено.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0.05%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжително (казна 60 ЦХФ) Детски седишта: деца до 12 години пониски од 1,5м. мораат да седат во детски седишта. Средно светло дење: се препорачува Прва помош сет: не ПП апарат: не Триаголник: задолжително и да се чува во кабина Рефлектирачки елек: не Зимска опрема: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Зимски гуми не се задолжителни, но возилата кои не се опремени за да патуваат по снег и кои го попречуваат сообраќајот се подложни на парична казна. Синџири за снег се задолжителни во областите каде што е наведено на соодветни сообраќајни знаци.

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping