ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Големото Војводство на Луксембург има површина од 2.586 км2 и има 441.300 жители. Една третина од територијата е шума. Луксембуршкиот дијалект е официјалниот јазик, но францускиот и германскиот јазик вообичаено се користат во администрацијата и за комерцијални цели.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција – 113 или 112; Брза Помош – 112; Противпожарна бригада – 112; (“Service Routier”) АЦЛ алармен центар +352 26 000 Туринг информации – 00352-450045-1
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Луксембург на нашите граѓани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е во лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места: – сите возила 50 км на час На автопатишта – возила со приколки 90км на час – автобуси и камиони 90 км на час – останати возила 110-130 км на час Останати патишта – возила со приколки 75 км на час – автобуси и камиони 75 км на час – останати возила 90 км на час
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Луксембург е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 74 ЕУР.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0.05%.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта: до 3 години детски седишта, над 3 до 17(ако се пониски од 1.50м) соодветен безбедносен уред Средно светло дење : задолжително за моторцикли и се препорачува за останати Прва помош сет: не ПП апарат : не Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: задолжително за надвор од населено место и автопат, Зимска опрема: Зимски гуми. Период: НЕМА ОПРЕДЕЛЕНО. Mоторни возила треба да имаат М + S гуми при возење во зимски услови (мраз, натрупан снег, лапавица, мраз на патот, итн.) Синџирите на снег можат да се користат во секое време во случај на снег или мраз.