ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Летонија(Латвија ) е сместена на Балтичкиот брег и се граничи со Естонија на север, Литванија на југ, Русија на исток и со Белорусија на југо-исток. Во Латвија има околу 12.000 реки. Зафаќа површина од 64.600 км2 и има вкупно 2.5 милиони жители. Главен град е Рига со околу 796.732 илјади жители. Други поголеми градови се Сигулда, Јурмала, Цесис и др. Службен јазик е летонски.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 110 или 112 Амбуланта 113 или 112 Пожарна 112 ЛАМБ (аларм центар) 1888
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Летонија не е потребна виза, за биометриски пасоши. Потребни се :Зелен картон, меѓународна возачка дозвола како и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места 50 км на час Надвор од населени места Возила до 7,5 тони 100- 110 км на час (на автопат) 90 км на час (на останати патишта)
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Латвија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 15 евра.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0.05%. За возачи почетници (помалку од 2 години), лимитот е 0.02 %.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта: задолшително за сите деца под 1,50м висина Средно светло дење : задолжително Прва помош сет: задолжително ПП апарат : задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: да, ноќе или при намалена видливост Зимска опрема: Зимски гуми. Период: 1 декември – 1 март.