Хрватска има површина од 56,540 км2 и население од 4.4 милиони жители. Таа е поделена на 20 области. Поголемиот дел од вкупната површина излегува на Јадранското Море. Карактеристично за Хрватска е дека има голем број острови долж Јадранскиот брег, меѓу кои поголеми се Крк, Хвар, Корчула, Брач и други. Главен град е Загреб кој има околу 770,000 жители. Официјален јазик е хрватскиот.
Полиција 92 или 112 Амбуланта 94 или 112 Пожарна 93 или 112 ХАК (инфо центар) +385 1 464 0800 (потоа бирајте 0) од Хрватска 062 777 777 ХАК (помош на пат) 1987 или (од мобилен +385 1 1987)
За влез во Хрватска на наши државјани не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост. Сите посетители мораат да имаат документи и билети за крајната дестинација или повратен билет и доволно финансиски средства, како што следува: – минимум 100 евра на ден – минимум 50 евра дневно (ако има званична покана или туристички ваучер) суми над 10.000 евра мораат да се пријават
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил и моторцикл од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил и моторцикл е 130 км на час. На останати патишта ограниченоста е од 90-110 км на час.
За време на возење во Хрватска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 500 куни.