ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Естонија е најсеверна Балтичка Република која се граничи на север и запад со Балтичкото море, на исток со Русија и на југ со Летонија. Изобилува со голем број езера и помали острови. Најголем остров е Сарема. Естонија се протега на површина од 45.200 км2 и има вкупно 1.5 милион жители. Главен град е Талин. Службен јазик е естонскиот.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција – 110 или 112; Брза Помош – 112; Противпожарна бригада – 112; ACE (алармен центар) + 372 6979 188 или 1888 од мобилен
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Естонија не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места – за сите возила 50 км на час Надвор од населени места – Возила до 3.5 тони 110 км на час (на автопат) 90 км на час (на останати патишта) – Возила над 3.5 тони 70 км на час
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Естонија е забранета употребата на мобилен телефон(казна 200-400 евра). Дозволена е употребата на HANDS FREE.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено ниво на алкохол: 0,02%
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени : задолжително за сите седишта Детски седишта: деца помали од 12 години мораат да користат детски седишта Средно светло дење : задолжително за сите возила Прва помош сет: задолжително ПП апарат : задолжително Триаголник: задолжително е да се носи 1 триаголник. Рефлектирачки елек: Задолжително е да се облече рефлектирачки елек во случај на дефект во текот на ноќта во не-урбаната зона – секое лице кое излегува од возилото мора да носи елек. Забелешка – не е услов да се поседува рефлектирачки елек во возилото; сепак, задолжително е да се користи во околностите опишани погоре. Зимска опрема: Зимски гуми. Период: 1 декември-1 март.Гуми со клинци се дозволени од 1 октомври до 1 мај.