ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Чешка се наоѓа во Централна Европа и се граничи со Словачка, Австрија, Германија и Полска. Зафаќа површина од 78,864 км2 и има околу 10,410,000 милиони жители. Главен град е Прага која е позната и како `Златна Прага` и брои околу 1.200.000 жители. Службен јазик е чешки.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 158 (или 112)

Амбуланта 155 (или 112)

Пожарна 150 (или 112)

УАМК (инфо центар) +420 1230

УАМК (аларм центар) +420 1230

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Потребни документи се: Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места – сите возила 50 км на час

Надвор од населени места –

Автомобили, моторцикли и камиони до 3.5 тони – Автопат 130 км на час – Останати патишта 90 км на час –

Автомобили со приколка, камиони над 3.5 тони – Автопат 80 км на час – Останати патишта 80 км на час –

На автопатишта дозволено е да сообраќаат возила кои можат да се движат побрзо од 80 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење забранета е употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 60-100 ЕУР.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Не е дозволено никакво количество на алкохол во крвта (0%).

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжителни сите вградени 

Детски седишта: за деца пониски од 1,50м задолжителни детски седишта и на задни и на предни седишта 

Средно светло дење: задолжителнот за сите возила (казна 70 еур) 

Прва помош сет: задолжително 

ПП апарат: не е задолжителен за приватни патнички возила. 

Триаголник: задолжително. 

Рефлектирачки елек: задолжително во кабините на сите возила. 

Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала. Период: 1 ноември – 31 март. Зимски гуми 4 мм. Синџири за снег можат да се користат само кога има доволно снег за да се заштити површината на патот.

Click outside to hide the comparison bar
Спореди
Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.