ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Бугарија е ситуирана во Југоисточна Европа на Балкансиот Полуостров. Главен град е Софија со 1,2 милиони жители а втор град по големина е Пловдив со 1,3 милиони жители. Бугарија зафаќа површина од 110,994 км2 и има население од околу 7,7 милиони жители. Се граничи со Романија, Турција, Грција, Србија и Македонија. Бугарија излегува на Црно Море. Службен јазик е бугарскиот.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција 166 или 112

Амбуланта 150 или 112

Пожарна 160 или 112

УАБ (помош на пат) +359 2 91 146 +359 2 980 3308

Наведените телефонски броеви (на полиција, амбуланта и помош на пат), може да се бираат и од поставените СОС телефонски говорници, кои ги има само на автопат и се поставени на секои 2 километри.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Потребни документи се: Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е лична сопственост.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА

Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час.

На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. (На означени места и 140 Км/ч).

На останати патишта ограничувањето е 90 км на час.

За моторцикл ограничувањата се: 50 км на час во населени места, 100 км на час на автопат, 80 км на час на останати патишта.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

За време на возење во Бугарија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна 25 ЕУР.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ

Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжително сите вградени (казна 25 евра) 

Детски седишта: задолжителни за деца до 3 години, деца над 3 години и пониски од150 цм можат да бидат на задно седиште без детско седиште. 

Средно светло дење: задолжително за сите возила во текот на целата година 

Прва помош сет: задолжително 

ПП апарат: задолжително за сите возила со исклучок на моторциклите. 

Триаголник: задолжително 

Рефлектирачки елек: задолжително за сите лица кои го напуштаат возилото дење или ноќе на автопат. Задолжително и за мотоциклисти. 

Зимска опрема: Употребата на зимски гуми е задолжителнa за возила регистрирани во Бугарија кога се зимски услови на патот. За возила регистрирани во странство, користење на зимски гуми не е задолжително, но се препорачува. Синџири за снег се дозволени. Нивната употреба може да стане задолжителна во согласност со условите на патот, во кој случај тоа е означено со патен знак. Кога возите со синџири за снег, максимална брзина е 50 km / h.

Click outside to hide the comparison bar
Спореди