ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Австрија се наоѓа во срцето на Европа и се граничи со Швајцарија, Лихтенштаjн, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и Италија. Зафаќа површина од 83.859 квадратни километри и има околу 8 милиони жители. Главен град е Виена со околу 1,5 милиони жители.
ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 112 / 133
Амбуланта 112 / 144
Пожарна 112 / 122
ОАМТЦ +43 1 711 99 1440 (состојба на пат) или 0810 120 120
ОАМТЦ +43 1 711 99 2851 (туринг инфо)
ОАМТЦ 120 (алармен центар)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Потребни документи се: Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината од 30-50 км на час.
На автопат максимална дозволена брзина е 130 км на час.
На останати патни правци максималната брзина е 100 км на час.
УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Австрија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна мин. 50 ЕУР.
ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е : 0,049%; за млади возачи 0,01% – казна 300 до 5.900 евра
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжителна употреба на сите вградени.
Детски седишта: задолжителни детски седишта или специјални ремени за деца под 14 години и пониски од 1,5 м.
Средно светло дење: не, само во услови на слаба видливост.
Прва помош сет: задолжително, во цврста кутија заштитена од прашина.
ПП апарат: не.
Триаголник: задолжително за сите возила со повеќе од 2 тркала.
Рефлектирачки елек: еден, за случаи кога се напушта возилото на пат надвор од населено место или автопат.
Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала ИЛИ летни со синџири. Период: 1 ноември до 15 април. Синџири за снег -макс. брзина 50 km / h. Гумите мора да носат ознака M + S или М & S и да имаат минимум шарка од 4 мм.