Семејно членство

Семејно членство

Корисници на семејно членство

Корисници не семејно членство можат да бидат само членовите на потесното семејство на членот „носител“ на еден од основните членски пакети. Под терминот потесно семејство се подразбира маж (татко), жена (мајка) и деца до 26 години кои живеат под ист покрив и се водат на иста адреса во лична карта.

Семејното членство може да го користат максимум петмина членови на потесното семејство, вклучувајќи го тука и носителот на основното членство.

Купи

ЧЛЕНСКИ ПАКЕТИ ЗА КОИ СЕ ВРЗУВА СЕМЕЈНОТО ЧЛЕНСТВО

Семејното членство не е нов членски пакет и од таа причина го дефинираме како дополнително членство, бидејќи се врзува за еден од основните постоечки членски пакети Classic и Europe Premium.

Купи

НЕ ЗНАЕТЕ КОЈА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Е НАЈДОБРА ЗА ВАС?

АМСМ Препорачува

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Корисниците на семејното членство имаат право да ги користат сите услуги кои произлегуваат од основниот членски пакет. Семејното членство, како дополнително членство, им овозможува на членовите на потесното семејство да ги користат услугите од основниот членски пакет на членот „носител“ на ова членство. Членовите на потесното семејство, корисници на семејното членство, се исто така и членови на АМСМ.

Купи

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СЕМЕЈНОТО ЧЛЕНСТВО

Времетраењето на семејното членство трае онолку колку што трае и основниот членски пакет (Classic или Europe premium), кој што е изваден од страна на членот „носител“ на основниот членски пакет. Без разлика на кој датум е извадено семејното членство, ќе истече на денот на истекот на основното членство.

Купи

НЕ ЗНАЕТЕ КОЈА ЧЛЕНСКА КАРТИЧКА Е НАЈДОБРА ЗА ВАС?

АМСМ Препорачува
Click outside to hide the comparison bar
Спореди
Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.