Отсекогаш знаеме дека она што нé прави единствени сте токму вие, нашите долгогодишни и лојални АМСМ членови. Меѓу вас има и такви кои иако не искористиле привилегии „Помош на пат“ или „Пренос на возило“ од своjата АМСМ членска картичка, сепак тоа е последната работа од која би се откажале. Тоа се оние АМСМ членови кои знаат дека чувството на сигурност на пат, нема цена.
За постојани членови кои се зачленуваат од петта до деветта година последователно добиваат сребрена картичка и можност за користење на дополнителна услуга помош на пат од избраниот членски пакет.
За постојани членови кои се зачленуваат од десетта до четиринаеста година последователно добиваат златна картичка со тоа што услугата бесплатно шлепување во случај на дефект до 200км во двата правца може да ја користат без ограничување во километри на територија на РМ.
За постојани членови кои се зачленуваат по 15 (петнаесети) пат последователно и повеќе, добиваат платинум картичка при што покрај услугата бесплатно шлепување во случај на дефект до 200 км на територија на РМ добива и дополнителна услуга бесплатно шлепување во случај на дефект неограничено во километри на територија на РМ.