Трајан Димчевски, веќе десет години е дел од тимот на АМСМ…

Еве ја неговата кратка приказна…

Ти благодариме Трајан

 

Долги години си во АМСМ, која беше твојата прва работна позиција, а која е денес?

Мојата прва работна позиција беше возач-механичар во службата помош и интервенции на пат, а денес мојата работна позиција е главен автомеханичар во сервисот на АМСМ.

 

Кој е твојот мотив во работењето, односно што би издвоил како најбитен предуслов за да се биде добар во својата работа?

Како најбитен предуслов да се биде добар во својата работа е пред се подвигот да се решат проблемите со возилата, а на крајот од сето тоа нашите клиенти да бидат задоволни од нашата работа.

 

Раскажи ни како вообичаено ти поминува еден работен ден?

Вообичаено еден мој работен ден започнува со едно утринско кафе, потоа организација и координација на работните задачи со колегите во сервисот на АМСМ и започнување со извршување на работните задачи.

Денот завршува со проверка на сработеното и собирање на алатот и опремата и припремање за наредниот ден.

 

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ?

Моја највпечатлива и најуспешна година е 2017 година, во која бев номиниран и прогласен за вработен на годината и ми беше доделена плакета за вработен на годината.

 

Може да ни кажеш некоја анегдота што сѐ уште ја раскажуваш..

Еден ден бев пратен од мојот претпоставен да донесам возило од Гевгелија ,,skoda felicia’’ , а на враќање требаше да го шлепувам нашето службено возило ,,zastava’’ (шлеп) од Демир Капија до Скопје и морав (шкодата) да ја ставам на (заставата), а (zastavata) да ја ставам на камионот DAF. Во Неготино ме сопре сообраќајна полиција која најпрво ми ги зема патните исправи и ме прашаа кој ми кажал да ги носам возилата вака. Јас бидејќи немав друго решение морав така да ги носам, а во шлепот (застава) беше и мојот колега Митре од Демир Капија, кој несмееше да биде во заставата што се шлепа. Кога видоа полицајците дека носам човек во камионот ми рекоа:,, Тебе казна не ти бега”. Потоа се насмевнаа,  ми ги вратија патните исправи, ме фотографираа со возилото и нивниот коментар за крај беше: ,, Вакво нешто досега не сме виделе”.

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping