Радмила Попадиќ 16 години, дел од тимот во Контакт Центарот во Службата и информации на пат.
Од свои 19 години за нea секој ден е различен и непредвидлив, а во овие 16 години, особината трпеливост ја има извежбано на највисоко ниво…:)
Ти благодариме Радмила
Моментално си на работна позиција тим лидер во Контакт центар во Службата во помош и информации на пат. Која е твојата прва работна позиција во куќава? Раскажи…
Мојата прва работна позиција е Агент во Конктакт центар, која всушност сè уште ја исполнувам. Пред 6 години ми беа доделени повеќе работни обврски, па името на позицијата се промени во Тим лидер.
Првото влегување во Контакт центарот или популарно, почесто викано “Алармен” беше на мои 19 години и ми буди убави спомени. Тогашната екипа беа вредни, енергични, млади луѓе кое имав среќа да се добри учители и несебично го споделија цело свое знаење и искуство, како за работа, така и за животот. Ме израснаа во фино девојче 🙂
Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?
Овој Контакт центар е нетипичен, не е едноставно да го доловиме на некој што не бил дел од него. Работа со луѓе кои имаат некаков проблем со возилото и очекуваат негово брзо решавање од наша страна е предизвик, некој пат е напорно, некој пат интересно.
Секој ден во Алармен е различен и непредвидлив. И после 16 години ми се случува да слушнам и решам нешто за прв пат. Па можеби токму тоа е она што ме исполнува, можноста да научиш нешто ново за луѓето, за автомобилите, за некои места/локации, а и да стекнеш некоја своја нова особина или да вежбаш веќе стекната, како на пример – трпеливост.
Исто така ме исполнува и ме прави среќна, работењето со позитивни и вредни колеги. Повеќето од нив низ годините биле/се такви. Токму затоа, можеби, сум сè уште тука.
Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоила како најбитен предуслов за да се биде успешен?
Желбата да бидеш успешен. Самомотивација. Поддршка од најблиските.
Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?
Секоја година имала свои убавини, не можам да издвојам една, можеби следнава ќе биде посебна J
Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…
Многу ги има, ама повеќето не се баш за споделување 🙂 Ајде една културна:
Ми се падна да сум трета смена кога се менува зимското сметање на времето, што значи дека ќе седам еден час повеќе на работа. И нормално, колегите го искористија моментот да ме “зафркаваат”. Дојдов на работа и насекаде имаа залепено лист со часовник како се враќа од 3 во 2, на тастатура, на монитор, на столче, во кујната… И сите ги тргнав или само така мислев. Подоцна во ноќта кога се качив до тоалет и таму на огледало ме чекаше еден лист потсетник 🙂