Марјан Денковиќ е 16 години во системот на АМСМ, тој моментално е на работна позиција стручен раководител и предавач во Авто Школа Мобилити Плус, вели дека чувството кога си праведен е исполнително…

Ти благодариме Денко.

 

Моментално си на работна позиција стручен раководител и предавач во Авто Школа Мобилити Плус.Која е твојата прва работна позиција? Раскажи…

Прва работна позиција 2008 г. ми  беше испитувач по теоретскиот дел од возачкиот испит, во Испитниот центар за возачи при АМСМ Скопје. Таа 2008г. за првпат во нашата држава се отвори еден испитен центар за полагање возачки испит во град Скопје. Нашиот испитен центар мораше по закон  да има седум испитни комисии, а беа формирани девет, што значи треба да се избориш за место во екипата. После три години работа станав претседстел на испитна комисија за полагање возачки испит, за да 2016г. ме назначат за контролор на испитниот центар. Контролор останав до 28.08.2018 г. до кога важеше лиценцата на испитиот центар. Од испитен центар шест месеци работев во центар за возила, за да од 01.03.2019, поминам во авто школата Мобилити каде сеуште работам, како стручен раководител и предавач по теоретскиот дел од обука на кандидати за возачи.

Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

Чувството дека на некого си помогнал, во мојот случај си му објаснил, некои работи од областа на сообраќајот да му бидат појасни, да може полесно да ги совладува пречките кои се појавуваат со самото учество во сообраќајот, е многу убаво, односно на крајот на денот се чувствуваш многу исполнето.

За разлика од обуката, при работа во испитниот центар, се јавува чувство на поголема одговорност, односно веднаш по завршување на полагањето од вториот практичен дел (градско возење) треба да се донесе одлука дали е успешно или не, односно се утврдува дали кандидатот за возач може самостојно и пред се безбедно да управува со моторно возило. Чувството на праведност е исполнително.

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоил како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Пред се посветеност, професионалност, коректен однос со колегите, подготвеност од стручен аспект и се разбира искуството во работата.

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

Тоа е 2016 без двоумење. Еве зошто.

Затоа што беше вака:

Треба да знаеме дека не е лесно да се раководи со испитен центар, со триесетина колеги и многу повеќе кандидати, кои повеќето субјективно не се задоволни од самиот возачки испит.

Некаде на почетокот од годината имаше некои превирања во испитниот центар, така да се случи скоро три месеци технички да останеме без раководител. За тој период јас како контролор ја преземав и таа функција.

Три месеци неможев глава да кренам 🙂 , ама се поминува па и тоа.

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…може и две 🙂

Револтирана мајка доаѓа и се жали како нејзината ќерка многупати не положила тестови  (мислам 7-8 пати), многу учи детето дома, цели ноќи не спие а ние сме ја буткале, замисли на теоретски дел, каде ние немаме никаква можност нешто да направиме. Го земам досието на нејзината ќерка, го отвараме заедно и што да видиме ,девојчето само еднаш полагало, за другите полагања си ги трошело парите т.е. не се пријавувало воопшто за полагања. Понатаму што да ви кажам не е интересно.

Еднаш на полагање полигон на почеток на полагањето им викам на кандидатите да седнат во возилата да започне испитот.

Кога гледам еден кандидат си седнал во возилото, ама на совозачкото седиште.

Click outside to hide the comparison bar
Спореди