Владимир Атанасоски 23 години во семејството АМСМ.

Неговата исполнителност се истакнува преку континуирана посветеност на работните задачи, високо темпо на извршување, одлични организациски вештини и изразена колегијалност.

Ти благодариме Влатко…

 

Моментално си на работна позиција Раководител на Контакт Центар. Која е твојата прва работна позиција? Раскажи…

Мојот почеток во АМСМ беше пред 23 години на позиција оператор во Информативен Центар. Со организациските промени во службата, од 2012 година покрај оператор, бев и тим лидер во Контакт Центар до 2023 година.

 

Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

Високото темпо на работа, секојдневната неизвесност, организирањето помош на клиенти, колегијалноста низ годините и многу незаборавни смени, како и прекрасни дружби по завршувањето на работното време.

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоил како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Да се дојде на работа подготвен за сите предизвици, обврски, да се биде отворен кон промени, следење на сите новости и да се биде коректен со колегите.

 

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

Не би можел да издвојам посебно некоја година, секоја си има свои спомени, на кои редовно се навраќаме со постарите колеги.

 

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

Ги има повеќе низ сите овие години, но сепак би ја зачувал професионалноста и не би издвоил некоја посебно.

Click outside to hide the comparison bar
Спореди
Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.