Соња Ристовска, јубилејни 30 години дел од семејството АМСМ

За неа секоја година во АМСМ е посебна и секоја си има свој белег вреден за сеќавање…

Таа вели дека секогаш ќе биде заменска секретарка…а ние знаеме дека таа е и повеќе од тоа… 

Ти благодариме Соња..

 

Моментално си на работна позиција Архивар во АМСМ Центар. Која е твојата прва работна позиција во куќава? Раскажи…

АМСМ го запознав пред 52 години :),а почнав да работам пред 30 години од кои 20 години поминав во Чаир,на почетокот како шалтерски работник, па благајник, на шега велам уште гориво не сум полнела и не сум прегледувала возила…Малку повеќе од десетена години сум во АМСМ Центар како архивар и секогаш заменска секретарка 🙂

 

 Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

АМСМ е компанија со долга традиција, оваа година 80 години. Откако јас памтам, а памтам поодамна, секогаш вработениот се мотивирал да го даде најдоброто од себе, да биде награден, почитуван за својата работа.

 

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоила како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Лично за себе можам да кажам пред се моралната обврска која ја имам пред моите родители кои беа вредни работници во АМСМ, довербата која ми е дадена од ТОП менаџментот, позитивниот пристап кон секоја работна обврска, и секако желбата за работа, желбата да се научи нешто ново, секогаш да се сослуша колегата без никакви предрасуди и комплекси.

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

Секоја, баш не можам да одвојам ниту една од овие триесет. Секоја беше на свој начин посебна, секоја си имаше свој белег вреден за сеќавање.

АМСМ е компанија која не мирува, секогаш се стреми кон нови проекти, што кај нас вработените секоја година ја прави да биде исклучителна.

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

Велигден во Чаир…бидејки секоја година за Бајрам од клиентите добивавме баклави решивме ние за Велигден да ги почестиме со фарбани јајца.

Јас тогаш офарбав 300 јајца, клиентите беа одушевени, ама јас не пробав велигденско јајце, ми збоктисаа,ахахахха

Click outside to hide the comparison bar
Спореди