Анета Трифуновска 17 години е дел од семејството АМСМ.

Таа вели дека секој треба да е постојано мотивиран за да успешно одговори на работните обврски и задачи и е горда што е дел од АМСМ, кој успешно опстојува 80 години.

Ти благодариме Анета

 

Моментално си на работна позиција администратор во Станицата за Техички Преглед за АМСМ. Која е твојата прва работна позиција во куќава? Раскажи…

Прво морам да кажам дека приказната со АМСМ е започната неколку години пред моето вработување. Се сеќавам како денес да беше кога како студент за прв пат влегов во АМСМ заедно со моите колеги од факултет. Морам да забележам дека тогаш повеќето вработени кои ги сретнавме беа во униформи и многу срдечно не поздравуваа, што кај нас остави многу позитивен впечаток. Имавме предавање од областа за туризам и многу добро се сеќавам на целото предавање  ,,пресметка на туристичка маржа”. По тој настан често знаев на некои колеги од факлултет да им кажам дека јас дефинитивно сакам да работам во АМСМ.

И така се случи. Во летниот период во 2008 година, барајќи работа на ,,најди работа” наоѓам оглас за референти во Испитен центар и тоа крајниот рок за пријава  баш тој ден. Во истиот момент јас и една колшека ги поднесовме документите што беа потребни за пријава но тогаш изгубив надеж дека ќе бидеме примени зашто премногу кандидати имаше пријавено. Ноооо…за некој два-три дена ни се јавија да ни кажат дека сме примени на работа. Така ние станавме ,, вечни колшеки”  и од факултет и од работа.

Како рефернт во Испитен центар работев 10 години, се додека беше лиценцата за Испитниот центар.

Од тогаш па до сега мојата работна позиција е Администратор во АМСМ Станица за технички преглед.

 

Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

 Само тоа дека си дел од нешто што успешно опстојува 80 години, не ти дава простор да се однесуваш несоодветно на таа традиција. Кај мене тоа значи дека треба постојано да си мотивиран успешно да одговориш на работните обврски и задачи и клучно да не ветуваш нешто што неможеш да го исполниш. Според мене само така можеш да бидеш почитуван и ценет работник.

 

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоила како најбитен предуслов за да се биде успешен?

 Пред се мислам дека тоа е корекниот, професионалниот и секогаш позитивниот однос со колегите, надворешните соработници и клиентите, бидејќи мојата сегашна позиција бара постојана комуникација со нив.

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

 Секоја година си носи некои свои специфики, која ја прави посебна од сите останати. Во моментов неможам да одвојам, ама можеби за наредна ваква прилика ќе можам да издвојам некоја 🙂

 

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

Ова често го кажувам …

Еден претопол летен ден, започнати летни одмори и нормално се работи со помалку персонал и во летниот период секој доаѓа да си заврши работа дури не е толку топлo а сето тоа прави преголема гужва. Во еден момент низ врата влегува едно момче, кое се расправа со сите надвор дека неможе да чека ред, и уште од врата вика,,Може да пријавам за полагање?

Го прашувам а за што полагаш, за што да пријавиш и тој одговара за CITROEN, и тогаш сваќам дека имам материјал за шегување и продолжувам  за што.. и тој за CITROEN C3. Јас пак .. а дизал или бензин, тој како од пушка ,бензин,…

Мислам дека немаше некој што не му се смееше.

 

Click outside to hide the comparison bar
Спореди