Ограничувања за влез/излез од државата |
Границите се отворени за сите цели, вклучително и туризмот.
Шпанија не прифаќа патници од Мароко и Аргелија. Границите со Мароко остануваат затворени барем до 10.06.2021.
Шпанија ги прекина летовите од Бразил и Јужна Африка, освен оние што превезуваат жители на Шпанија и оваа мерка продолжува до 8.06.2021.
Земјата е отворена за туризам, бизнис, студенти…
За влез во Шпанија со автомобил од Франција, потребен е негативен PCR тест. Шпанија ќе започне со издавање на „Ковид“ пасошот од 7.06.2021.
|
Дали ви е потребен негативен тест на Ковид-19 за влез во земјата? |
По пристигнувањето во Шпанија по воздушен пат или преку море, сите патници се предмет на здравствена контрола. Сите патници кои пристигнуваат во Шпанија мора да покажат негативен PCR тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето и дополнителен здравствен документ во кој е наведено дека не се забележани никакви симптоми на Covid-19. Шпанија бара и PCR-тест на копнената граница со Франција.
Деца под 6 години не се обврзани на PCR тест.
Од 25.05.2021, граѓаните од 10 земји веќе не подлежат на привремени ограничувања кога нивната дестинација е Шпанија, а тоа се: Велика Британија, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Кина и Израел.
Шпанија ги задржува ограничувањата до 08.06.2021 за патниците кои пристигнуваат од Бразил, Јужна Африка, Перу, Колумбија, Боцвана, Гана, Мозамбик, Танзанија, Замбија, Зимбабве и Кенија. Единствените дозволени летови од тие земји се оние кои превезуваат шпански државјани и жители на земјата или Андора.
|
Други потребни документи за влез во земјата |
Само негативен PCR тест.
Во случај на потреба од комерцијален PCR тест, истиот во Шпанија е достапен само преку јавната здравствена служба или преку здравствениот центар за примарна здравствена заштита и специјалната телефонска линија. Јавните лекари ве упатуваат на тестирање. Нема официјален документ со списоци на болници или лаборатории на Националниот здравствен систем. Тестирањето е исто така можно и во приватни клиники или лаборатории кои ја нудат оваа услуга. Потребно е закажување однапред. Постојат многу лаборатории, клиники и приватни болници кои нудат PCR-тест, особено во големите градови. Доколку имате приватно здравствено осигурување, препорачливо е прво да контактирате со осигурителната компанија и да добиете информации за клиника или локации за тестирање.
|
Комерцијален транспорт (такси, Uber и сл.) |
Да, но задолжителни се маски за лице.
|