Промена на податоци

Промена на сопственост на возило

Секоја измена (технички промени на возилото, промена на сопственоста, промена на адресата на живеење, одјавување на возилото и слично), која влијае на промена на податоците во сообраќајната дозвола, сопственикот е должен во рок од 15 дена од денот на настанување на промената да ја пријави во Министерството за внатрешни работи според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот.

За промена на сопственост на возило, потребни се следните документи:

– Сообраќајна дозвола или одјавена сообраќајна дозвола ако е од друго регистрационо подрачје;
– Купопродажен договор заверен на нотар;
– Важечка лична карта (физичко лице); или
– Тековна состојба не постара од 6 месеци и полномошно за регистрација (правно лице).

Click outside to hide the comparison bar
Спореди
Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.