Пробните таблици се наменети за привремено означување на возила кои уште не се регистрирани, или кои биле регистрирани, но од оправдани причини останале без регистарски таблици.
За издавање на пробни таблици за ново возило, потребни се следните документи:
– При поднесување на барањето се брши проверка на идентитетот на подносителот на барањето со увид во важечка лична карта, патна исправа или возачка дозвола
– Фотокопија од увозна царинска декларација
– Фотокопија од полиса за задолжително осигурување
За издавање на пробни таблици за возило кое е продадено на физичко или правно лице со живеалиште/седиште во друго населено место на територијата на нашата земја, потребни се следните документи:
– Доказ дека возилото е одјавено (одјавена сообраќајна дозвола, вратени регистарски таблици)
– Договор за купопродажба
– Лична карта или писмено барање доколку сопсвеникот е правно лице,
– Полиса за осигурување од автоодговорност
– Технички преглед доколку се работи за возило со помината регистрација
– Административна такса 50,00 денари