Сопственикот на регистрираното возило поднесува барање за одјавување на возилото во станицата каде е извршена регистрација на возилото т.е каде е издадена регистарската таблица. Новиот сопственик го пријавува возилото во своето место на живеење.
За одјава на возило потребни се следните документи:
– Барање за одјава;
– Сообраќајна книшка од возилото;
– Лично присуство на лицето кое го одјавува возилото;
– Регистарски таблици од возилото.
Ако правно лице одјавува возило, тогаш лицето кое ќе ги одјавува регистарските таблички во име на правното лице, потребно е да поседува полномошно.
Одјавувањето на возилото се врши во МВР во зградата на Македонска Радио Телевизија.
За пријава на возило потребни се следните документи:
– Одјавена сообраќајна книшка на која има заверка дека возилото е одјавено;
– Лично присуство на сопственикот;
– Барање за пријава.