Промена на категорија, облик и намена на каросерија и атест на доградени, поправени или заменети делови од надградба
Често се случува за потребите на стопанството, но и за потребите на физичките лица, сопствениците на возилата да мораат да направат промени на категоријата и обликот и намената на каросеријата на возилото, да доградат или демонтираат одредени делови и помагала за работата или комфорот. На пр. oд патничко во товарно или обратно, од товарно во автобус или во возило за домување, доградба на механизам за кипање, за чистење снег итн.
Административно-техничката постапка со која се одобрува ваквата промена се нарекува атест на промена на категорија, облик и намена на каросерија и атест на доградени, поправени или заменети делови од надградба. По поднесеното барање од страна на сопственикот на возилото и утврдената промена од страна на техничката служба се издава упатница од шалтер за регистрација на возила од МВР за одобрување на настанатата промена. Потоа како и кај секоја постапка на одобрување се издава потврда за сообразност. Изработената потврда, сопственикот ја приложува на шалтерот за регистрација на МВР, каде со другите потребни документи се врши измена на сообраќајната книшка каде се внесува односната промена на возилото.
Испитување на технички податоци на возило или погонски мотор
Поради различни причини може да се појави недостаток на податоци за возилото во сообраќајната книшка кои се релевантни за негова регистрација. Во тој случај кога службеникот за регистрација ќе утврди дека недостасуваат такви податоци го упатува возилото во техничка служба на преглед и утврдување на податоците што недостасуваат или се не соодветни.
Постапката понатаму е иста како останатите постапки за одобрување или атест.
Контакт лице: Зоран Бошначки
📱: 072-228-197
✉: zbosnacki@amsm.com.mk