Постапка за испитување со цел одобрување на преправено/поправено возило се спроведува и за возило во кое дополнително се вградени заштитни фолии или обоено стакло како заштита од сонце.

Во возилата може да се вградат одобрени сигурносни стакла, дополнително затемнети, така што пропустливоста на стаклото заедно со налепната фолија да биде најмалку:

  • 75% за ветробранското стакло
  • 70% за предните странични стакла

Погоренаведените ограничувања не се однесуваат за тесната лента која се поставува на горниот раб на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита од сонце. На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни. Мерењата на степенот на затемнетост на сигурносните стакла се запишуваат во Записникот за преглед на преправено/поправено возило.

За а-тест на дополнителни вградени заштитни фолии или обоени стакла потребни се следните документи:

  • Доказ за сопственост на возилото-сообраќајна дозвола или купопродажен договор;
  • Упатница за а-тест издадена од МВР врз основа на барање заверено од надлежен технички преглед.

По извршеното испитување, АМСМ Центар за возила издава Потврда за сообразност за преправено/поправено возило и известување до МВР за внесување на преправката во сообраќајна дозвола, со што се финализира постапката на испитување.

 

 

Контакт лице: Зоран Бошначки

📱: 072-228-197

✉: zbosnacki@amsm.com.mk